Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Британија – Брегрет наместо Брегзит

Британија – Брегрет наместо Брегзит

Само девет отсто од Британците се уште веруваат дека Брегзит- излегувањето на Велика Британија од ЕУ- повеќе е успех, отколку што е грешка и промашување- покажува најновото истражување на јавното мислење во Обединетото Кралство.

Во истражувањето на агенцијата ЈуГав дури 69 отсто од анкетираните граѓани , го квалификуваат Брегзит, како погрешен чекор, што предизвика наместо Брегзит (британско  излегување од ЕУ) да се направи нова кованица- Брегрет- (британско жалење) за одлуката  за напуштање на Унијата во која земјата беше членка 45 години.

Јавноста ја признава грешката

Сега 31 отсто од Британците смета дека напуштањето на ЕУ било добро решение, што досега е   најнизок процент. Особено што продолжува тенденцијата да се намалува подршката на Брегзит.

Безмалку двојно повеќе , околу 58 отсто од луѓето ,  после седум години од референдумот за Европа, веруваат дека гласањето за Брегзит и самиот чин на излегување од ЕУ, било погрешно решение.Во исто време, процентот на оние Британци кои тогаш го подржале напуштањето на Унијата, а сега мислат дека тоа било грешка, се има искачено и сега изнесува 22 отсто од анкетираните.

Ваквите показатели на ЈуГав, за расположението на јавноста,  се истоветни со новите и сосема поинакви гледања на британскиот политичар Најџел Фараж , поранешен лидер на партијата УКИП. Оваа партија, иако крајно минорна на политичката сцена, го покрена барањето за референдум и за заминување на Британија од ЕУ, што тогашниот британски премиер Дејвид Камерон, неразмислувајќи премногу , го прифати.

Најџел Фараж се предомислува

Овој бучен и остар евроскептик, тврд анти-европеец без разлика што беше европратеник , минатата недела, меѓутоа,  изјави дека британското заминување од ЕУ се покажа како „целосно промашување“ .

Над  37 отсто од луѓето кои пред седум години гласаа за Брегзит, сега сметаат дека излегувањето од ЕУ било повеќе лошо, отколку добро решение- како за Британија, така и за Британците.

Мнозинството од нив сега налутено гледа кон Конзервативната партија за која се смета дека  избрзано се согласи да се прави референдум за едно вакво важно , стратешко, прашање како што е иднината на земјата надвор од ЕУ и притоа, да дозволи да загуби на референдумското изјаснување.

Во услови на едно вакво   расположение на јавноста, 75 отсто верува дека Брегзит можеби и ќе можеше да  успее, доколку британските влади кои се изредија во изминатите години, беа поуспешни при  неговото споведување. Наместо тоа, напуштањето на ЕУ се претвори во силно и тажно промашување.

Фараж кој , инаку, пред да стане лидер на своја партија беше дел од британските ториевци, во Британја ќе остане запаметен по  својата валкана анти- ЕУ кампања исполнета со измислици, лажни податоци и дезинформации со која ( сепак) – заедно со другите брегзитери, предводени од екс премиерот Борис Џонсон- успеаја да им го „исперат“ мозокот на Британците.

Брегрет- жалење за одлуката

Заеднички донесоа соема погрешно и за британските политички и економски интереси, штетно решение.

Но, Фараж сега зборува поинаку , па правејќи нова политика, ги обвинуве конзервативците и сите нивни пет премиери кои беа во Даунинг стрит 10, во изминатите седум години, за „лошото менаџирање и спроведување на Брегзит“.

Така мислат и 72 отсто од анкетираните граѓани- дека владата го има покренато Брегзит- но дека после тоа се почнало со лошото менаџирање. Меѓу Британците кои вака мислат- 63 отсто се оние кои на референдум гласале за заминување од ЕУ.

Во 1973 година , Велика Британија стана членка на тогашната ЕЕЗ, основата врз која е создадена денешната ЕУ, откако 10 години чекаше на влез, поради блокадите на соседна Франција и на тогашниот претседател Шарл де Гол.

Во 2016 година, Британија се определи самата, доброволно и без било кој да ја присилува, да ја напушти Унијата. Сега и оние кои гласаа за Брегзит, иако разликата на референдумот  беше мала, жалат за тоа и признаваат дека погрешиле.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе