„Барби„ веќе заработи една милијарда долари
Филмот „Барби“ досега има заработено над една милијарда долари, само од прикажувањето во кино салите низ САД и низ светот- објави компанијата „Ворнер Брос“. Филмот се прикажува околу три недели и податокот за финансискиот успех го имаат потврдено и неколку специјализирани фирми кои ги контролираат работењето на компаниите.
Претставник на одделот за домашна дистрибуција на „Ворнер“ изјавил за американските медиуми дека тој и неговите соработници се пријатно изненадени од големата гледаност на филмт и од ваквиот финансиски резултат.
„Ние не остануваме често без зборови од пласманот на некој филм, но „Барби“ ги надмина сите наши најоптимистички предвидувања“- рекол овој претставник.
Филмот го режира Грета Гервинг, позната сценаристка и режисерка, претходно веќе номинирана и за наградата Оскар. Досегашнте финансиски постигнувања на овој нејзин филм претставуваат и рекорд во Америка за филм на една жена режисер.
Главните улоги, во ликовите на Барби и на Кен, ги толкуваат Маргот Роби и Рајан Гослинг. Во филмот станува збор за доживувањата на легендарната кукла, која тргнува во авантури низ реалниот свет.
Според заработувачката, „Барби“ е сепак втора во САД годинава. Пред неа е филмот „Супер Марио“ со заработени 1,3 милијарди долари, но овој филм се прикажува од април.
