Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

За критика на војната во Украина-8,5 години затвор

За критика на војната во Украина-8,5 години затвор

Руската новинарка Марина Овсјаникова е осудена во Москва на 8,5 годни затвор затоа шта ја има криткувано инвазијата на Русија врз Украина и војната што таму се води. Според пресудата, таа  е осудена и затоа што,  како што се вели во пресудата, ја критикувала и руската армија.

Овсјеникова е осудена во отсуство затоа што минатата година успеа да побегне од Русија на Западот, откако властите ја прогонуваа за „ширење лажни информации “ околу „ воената интервенција“  како што Кремљ и понатаму ја означува агресијата врз соседната земја и за навредување на руските оружени сили.

Во текот на минатата година, за истите  обвинувања, таа беше и парично осудена.

Соло демонстрација покрај Кремљ

Руските државни медиуми кои пишуваат за високата казна за порашента новинарка на руската државна телевизија, таа овој пат е осудена затоа што „сама демонстрирала со плаката против офанзивата во Украина“.

Станува збор за нејзиниот протест од минатиот јули, кога во близината на Кремљ носеше плакат на кој го нараче рускиот претседател- убиец. „Путин е убиец, а неговите војници се фашисти“ – пишуваше на протестниот транспарент што го носеше Овсјеникова.

Веднаш беше уапсена, но наместо во затвор, беше сместена во домашен притвор. Сега се смета дека затворската казна што доаѓа после 14 месеци од нејзиниот протест, е само затоа што го има навредено претседателот на државата. Не е јасно , зашто властите чекаа толку долго за да ја санкционираат.

Анти- воен протест пред тв камери

Марина Овсјаникова која работеше како продуцент на емисијата Вести,  за Првиот ТВ канал, стана позната во Русија , но и во Европа и низ светот, кога во март 2022 година, само еден месец по руската инвазија , изведена со измислени објаснувања на Путин и на Кремљ, таа предизвика дотогаш незабележан инцидент, со својот анти-воен протест.

Влезе во студиото додека се емитуваше централниот ТВ дневник и застанувајќи зад спикерката,додека таа ги шиташе вестите,  истакна плакат на кој со рака, на руски јазик  беше напишано- „Запрете ја војната. Не и верувајте на пропагандата. Ве лажат“. Пред да биде одведена од студиото,  успеа да извикне- „Стоп на војната, Речете и не на војната“.

Во тоа време, кога се мислеше дека Путин и неговата армада лесно ќе се справат со украинската војска, а војната нема да потрае повеќе од неколку недели, реакцијата на Кремљ и на власта беше прилично умеренна, во однос на тоа како сега рускиот претседател се пресметува со сите облици на спротивставување на војната, откако таа  стана сурова и брутална и во која загинаа многу цивили.

Овсјаникова не беше веднаш уапсена, а дури ниту суспендирана од работа. Подоцна доби отказ, а на суд се оојави дури после соло-протестот во близината на Кремљ. Тогаш беше ставена во домашен притвор, но таа некако успеа да побегне од домот и од Русија, носејќи ја со себе и својата ќерка.

„Путин без доволно новичок“

Во странство, за британската телевизија Скај њуз таа тогаш изјави дека Путин е се повеќе изолиран , дека стравува што ќе биде со него. Овсјаникова зборуваше дека претседателот би можело да го соборат тие околу него, во кои тој има доверба, а не оние кои ги прогонува.

„Мислам дека Путин нема доволно новичок за елиминација на сите свои противници “- има речено поранешната новинарка, објаснувајќи дека кога почна војната , многу повеќе луѓе почнаа да зборуваат против режимот.

Новичок е убиствен, воен нервен агенс , произведен уште во времето на СССР.

Со него  руските тајни служби се обидоа, но не успеаја да ги убијат екс руски разузнавач Сергеј Скрипал во 2018 година, во Солзбери, во Англија, каде сега живее , како руски дисидент и Алексеј Навални , кому за острите критики за Путин и режимот, постојано му ја зголемуваат затворската казна.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе