ЕУ нема да се рекламира на Икс (Твитер)
ЕУ веќе нема да се рекламира на социјалната мрежа Икс ( доскоро Твитер), објаснувајќи го својот чекор со „алармантото и загрижувачко зголемување на количеството“ на говорот на омразата и на дезинформациите на оваа мрежа, инаку сега во сопственост на Илон Маск..
Во соопштението на Европската комисија, која претставува влада на Унијата, се вели дека изминатите недели видливо е зголемувањето на бројот на дезинформацијата и на примери со силно изразен говор на омраза на оваа мрежа.
Но, и кај другите платформи , па затоа е донесено решение да им се сугерира на сите европски институции да се воздржат и да не се рекламираат на платформите на кои ваквата појава има добиено алармантно зголемување.
Дезинформации и говор на омраза
Затоа, засега само Икс (Твитер) е на удар. Особено што уште од претходно, комесар на Европската комисија веќе ја има предупредено платформата на Маск дека на Икс има зголемување на бројот на дезинформации и на лажни вести, за што компанијата нема реагирано, до издаденото предупредување.
Во октомври, само неколку денови по терористочкиот, крвав напад на палестинскиот Хамас врз цивили во Израел, Европската комисија побара од Икс детални податоци за тоа што има направено оваа социјална мрежа во борбата со невистианата. Со – како што се вели- илегалните содржини и изобилство од дезинформации на платформата.
Во Брисел сега се проучува одговорот на Икс , но се расправа и за тоа какви би биле натамошните чекори на ЕУ во нејзината борба со лажните вести и со говорот на омразата, посебно изразен по војната меѓу Хамас и Израел.
Построга мерка против оваа мрежа би можела да се донесе веќе во текот на идната недела кога Европската комисија би можела да го казни Икс со казна од над 100 милиони долари , доколку се утврди дека компанијата на Маск ги има прекршено новите и уште построги правила на Унијата во врска со проблематичните содржини на оваа социјална мрежа.
Преполовен приходот од реклами
Во меѓувреме, американските медиуми јавуваат дека , Икс (Твитер) има значајна загуба во својата вредност, откако пред една година милијардерот Икс ја има купено од поранешниот сопственик.
Според списанието „Форчанс“ и новинската агенција „Блумберг“ , при делењето на акциите на вработените во компанијата биле проценети на 19 милијарди долари, При купувањето, во октомври 2022 година, Маск за Твитер плати 44 милијарди. Тогаш ја преименува компанијата и навести дека сака да изгради платформа како апликација со повеќе функции, вклучувајќи ифинансиски услуги.
Од почетокот на владеењето на Маск, компанијата се бори со значителен пад на приходите од огласувањето. Самиот тој има повеќепати признаено дека овие приходи се преполовени во споредба со порано.
Таа празнина настојува да ја пополни со заем од 13 милијарди, земен при купувањето на Твитер, што предизвика оптоварување за платформата – плаќа поскапи камати и само за нив годишно се издвојуваат 1,2 милијарди долари.