Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Клинт Иствуд снима нов филм на 93 години

Клинт Иствуд снима нов филм на 93 години

Познатиот американски актер и режисер Клинт Иствуд – кој во мај го прослави својот 93 роденден- работи како режисер на својот најнов филмски проект.

Филмот носи наслов „Поротник 2“ и во него главните улоги ги имаат британскиот актер Николас Холт и Австралијанката Тони Колети.  Снимањето се одвива во сојузната држава Џорџија, а во филмот настапуваат и Кифер Сатерленд и актерката Зои Дојч.

Станува збор за трилер кој ја следи приказната за поротникот , вклучен во судење за едно извршено убиство. Во текот на процесот полека почува да открива дека токму тој ја има предизвикано смрта на жртвата.

Од тој момент почнува дилемата- што трае до крајот на филмот- дали едноставно да се предаде и да ја признае одговорноста, или пак да манипулира со поротата, со другите 11 членови во текот на одлучувањето, за да се извлече неказнет.

Од пред неколку години се најавува дека Иствуд се повлекува од режирањето и од работата, но во тоа меѓувреме, во 2021 година го режираше со Оскар наградениот филм „Cry Macho”, а сега, две години по тоа, работи на „Поротник 2“. За да нема дилеми околу тоа дали Клинт Иствуд, навистина, е на сетот на овој филм, на интернет се појавија се објавени фотографии од текот на снимањето, на кои се гледа како овој многу возрасен синеаст режира на сетот, воодушевувајќи ги сите  со својата волја за работа и со својот ентузијазам.

Снимањето на овој филм , инаку, е почнато порано, а извесно време беше прекинато поради познатиот штрајк на сценаристите и актерите на Холивуд кои подржани од своите синдикати беа во спор со големите филмски компании околу плаќањата на хонорарите.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе