Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Грција : Продавале лажно маслиново масло

Грција : Продавале лажно маслиново масло

Две лица во Грција се уапсени затоа што продавале и шверцувале лажно маслимово масло. Апсењето е извршено во Солун, а упасените се татко и син кои продавале масло за јадње од сончоглед, како да е од маслини.

Грчката полиција соопштила дека била извршена рација во складот на овие двајца „производители“ и трговци-измамници и откриле 13 тони масло- подготвено за пласирање.

Над половината од ова количество било спакувано во лименки и во лимени кутии како што прозводителите на маслиново масло , обично, го  нудат и на домашниот и на светскиот пазар. Биле откринени и пакети со масло, во пластични шишиња, додека другото  биле се уште во резервоари.

Обоено сончогледово масло

Таткото кој има 80 години и синот (36) се осомничени дека главната цел на измамата изгледа требало да биде соседна Бугарија.

Од таму купувале обично масло од сончоглед, на кое му додавале средство за боење ( за затемнување) за да изгледа како да е маслиново и посебен додаток за  вкус. Вака подготвено го продавале како да е грчко, екстра девствено маслиново масло. Освен на бугарскиот пазар, лажното маслино масло се продавало и на пазарот во Грција.

Истрагата сега настојува да утврди , преку лабораториска анализа на примероци од вака спакуваното масло, дали тоа не е и штетно  за здравјето на луѓето.

Се смета дека откриената измама би можела да му наштети на угледот на грчкото маслиново масло.

Особено доколку се утврди дека ставањето на разните додатоци во сончогледовото  се опасни. Но, случајот со двајцата солунски измамници се поврзува со годинешнава криза со производството на маслиновото масло за јадење и со наглиот, висок скок на неговата цена.

Големо поскапување на маслиновото масло

Експерти потсетуваат дека годинешниот род на маслини е и далеку помал, а и многу полош во споредба со претходната година, што се верува дека е последица на  климатските промени, што доведоа ова лето да биде и искучително жешко, но и исполенто со обилни врнежи, поплави и многу влага.

Во Грција, на пример, тоа има предизвикано една лимена кутија од пет литри екстра девствено маслиново масло да се продава за 57 евра, наспроти 25 евра колку што една таква лименка се продавала во минатата година.

Ситуацијата со ова масло не е само грчки проблем , туку и на целиот југ на Европа- од Шпанија, преку Италија и Хрватска, се до Грција. Во Италија, цената на маслиновото масло оваа година е зголемена за над 50 отсто

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе