Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Унгарска партија бара дел од Украина

Унгарска партија бара дел од Украина

Унгарската ултра-десничарска партија „Нашата татковина“  соопшти дека ќе ја бара територијата на Западна Украина –  за Унгарија- затоа што таму живееле припадниците на унгарската етничка заедница. Се проценува дека ги има околу 150 илјади.

Лидерот на оваа партија Ласло Торокај вели дека ваквото барање ќе се официјализирало – „доколку Украина ја загуби својата државност“, поради инвазијата од страна на Русија.

Партијата , инаку, е дел од унгарскиот Парламент , со шест пратеници, но е мошне блиска на владеачкиот Фидес , на Виктор Орбан, често застапувајќи истоветни националистички и крајно десничарски позиции.

Претензии кон Закарпатие

Во случајов, Торокај бил исплашен дека Украина би можела  да остане без државност, па затоа од сега најавува дека – „територијата на која живеат украинските Унгарци  , треба да стане дел од Унгарија, или во најлош случај – да има широка автономија.

„Во случај на пораз на Украинците во војната, што не е неможно, ние (Унгарија) сосема со право претендираме над областа Закарпатие“- рекол на еден десничарски собир во Будимпешта, Торокај.

Унгарската и украинската влада немаат реагирано на овие отворени територијални претензии од соседството, само затоа што унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто се наоѓа во службена посета на соседна Украина, во настојувањето да се смират тензиите во билатералните односи и евентуално да се договори лидерска средба меѓу  Виктор Орбан и Володмир Зеленски.

Во стилот на Путин

На Самитот на ЕУ во декември, унгарскиот премиер изрази подршка на територијалниот интегритет и целовитост на Украина, но остана спорот за малцинството , откако Орбан и порано и сега го обвинува Киев дека не им дозволувал на украинските Унгарци да го  користат својот јазик, што Киев го негира.

Тоа е еден од изговорите на Русија и на Владимир Путин за инвазијата и анексијата на Истокот на Украина, а сега и од Западот- од унгарска страна- се продава истиот изговор, со закани и со присвојување на дел од украинската територија.

Тоа само ја покажува големата  блискост на Орбан со Путин . Унгарскиот премиер останува единствениот пријател на рускиот претседател во ЕУ, која штотуку ги продолжи , за нови шест месеци, санкциите кон Москва.

Блокади на Украина

Засега, Орбан и натаму,  во секоја прилика,  ја блокира Украина на нејзиниот евро-атлански пат.

Во декември, тој  некако се согласи да не го попречува почетокот на преговорите на Киев за членство во ЕУ, иако венаш потоа изјави дека Украина е корумпирана земја и дека таа никако не може да биде дел од Унијата.

Но, сепак, уште еднаш го блокираше одобрувањето на воената помош на ЕУ, во висина  од 50 милијарди евра за Украина, што ( во основа)  значи директна подршка на Москва во нејзината брутална, освојувачка војна против Украинците.

Ласло Торокај, пак, е познат и во својата земја по својот екстремен национализам, создавајќи ја екстремистичката организаија – „Младинско движење 64 жупании“ со која се храни унгарскиот национализам, идејата за некаква „Голема Унгарија“  и претензиите кон соседите.

Будимпешта црта нови карти

Оваа организација заговара големо-унгарска идеја , според која земјата би требало да се простира на територијата на Угарска, од времето на Австро-унгарската империја и на тогашните 64 жупании. Во нив влегува цела Војводина од Србија, потоа Славонија и Краина се до Риека, на Јадранско Море ( од Хрватска), присвојувајќи притоа и делови од територијата на Романија ( таму каде главно живее бројното унгарско малцинство), од денешна Словачка, како и од Западна Украина.

Торокај од поодамна е посебно активен меѓу војводинските (српски) Унгарци , непризнавајќи го името Војводина и нарекувајќи ја оваа српска покраина како „Јужни краишта“ и третирајќи ја како некаков унгарски регион. Од Будимпешта српските Унгарци уште  се потикнуваат да бараат  и територијално разграничување каде унарското малцинство е мнозинство,

За овие и вакви позиции , во 2008 година тогашната српска влада му забрани влегување на трериторијата на Србија, Актуелната власт во Белград, меѓутоа, нема толку тврда позиција кон Торокај и неговата идеја за обнова на Угарска од имеријалните времиња, затоа што такви, исти позиции има и премиерот Орбан.

ЕУ го губи трпението со Орбан

Тој територијата од 64 жупании ја означува како „вистинската унгарска земја“ , дистрибуирајќи карти на „Голема Унгарија“ и носејќи на фудбалски натпревари шал со картата на таа фиктивна држава. Во исто време,  Орбан и Унгарија сега се стратешки партнери на Србија и на српскиот претседател.

Сето ова се случува во време кога Брисел и целата ЕУ се подготвуваат да се стави крај на унгарското уценување , со блокади и ставањето на вето, да се попречува реализацијата на  единствената европска надворешна и безбедносна политика.

Според бриселски „Политико“ – Европа го губи трпението со Орбан и неговите националистички игри и блокади за се и сешто, подготвувајќи се да го употреби и на членот 7 од Европскиот договор ( Уставот). Според него Будимпешта, не би загубила само милијарди евра помош, што  Брисел не и ги доделува, туку  би го загубила и правото на глас во Европскиот совет.

(С.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе