Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Прага и Даблин-градови каде најмногу се пие

Прага и Даблин-градови каде најмногу се пие

Прага и Даблин, главниот град на Република Ирска, водат „мртва трка“ за тоа каде најмногу се пие, во сите истражувања и студии на туристичките платформи кои потоа ги користат и туристичките агенции кои носат гости.

Според сознанијата , добиени на овој начин, долго време , на првото место беше Даблин, но во последната студија, на таа позиција се најде главниот град на Чешка.

„ТрипАдвајзор“ типува на Прага затоа што локалното население- испива годишно по 480 кригли ( шишиња) пиво- секој жител, а дури 20 отсто од работите што еден посетител на Прага би требало да ги направи во овој град,  е врзано за алкохолот и за пиењето. Меѓу другото и „задолжително“ да ги посети „средновековните коктел барови“.

Ваквите анкети и истражувања се прават врз основа на бројот на ноќните активности ( за домашното население и за гостите од надвор)  , кои траат до доцна во ноќта, како и според процентот на на локалните пијачи  кои во последните 30 денови , барем еднаш, имале „тешка пијачка“.

Велат дека Даблин , според овие параметри, е во предност, затоа што е утврдено дека дури 81 отсто од Ирците  пијат, што се смета дека е далеку најмногу меѓу земјите и градовите кои биле анализирани.

Лондонскиот весник „Метро“ , сепак, смета дека главниот град на Ирска треба да остане прв, бидејќи има најмногу атракции и понуди за провод и забава, врзани за пиењето. Посебно се споменува „Гинисовото складиште“ во Даблин ( врзано за пиењето на познатото ирско темно пиво „Гинис“). Станува збор за локација која во 2023 година е прогласена за најдобрата туристичка атракција во Европа.

На третото место- сите се согласуваат- е рангиран Берлин. Утврдено е дека четворица, од петмина Германци пијат пиво кое не е евтино- 4,5 евра за една кригла пиво.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе