Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Затворски казни за родителите на ученикот-убиец

Затворски казни за родителите на ученикот-убиец

Родителите на ученикот кој во едно училиште  во САД изврши масовно убиство, се осудени на казна затвор од најмалку десет до 15 години, затоа што немаат ништо направено за да се спречи убиството на четвори лица- сите негови соученици. Во пукањето, други седум лица беа ранети.

Убиството се случи на 3о ноември 2021 година, во едно место во округот Оклахома,  северно од Детроит, во сојузната држава Мичиген.

Родителите Џенифер и Џејмс Крамбли се осудени за  ненамерно убиство. Тие се првите во историјата на американското правосудство кои се  казнети за масовно убиство во училиште во Америка, извршено од ученик-убиец.

Прв случај во историјата

Според судот, родителите се виновни затоа што не воделе сметка за менталнотто здравје на својот син, потоа за неодговорно чување оружје дома, како и за тоа што на само три денови пред тешкиот инцидент, таткото на својот син му има подарено пиштол со кој синот, потоа , ги има убиено своите другари од класот.

Конечно, кога училишниот психолог , заедно со директорот ги имаат повикано родителите на разговор , за однесувањето и за  менталната состојба на нивното дете – тинејџер Итан Крамбли, обајцата не се појавиле во училиштето.

Се оправдале дека се премногу  зафатени со работа, па детето тогаш на 15 годишна возраст, останало на наставата. Средбата и разговорот требало да се одржи на  денот кога го има извршено масовното убиство.

Синот Крамбли кој сега има 17 години, претходно е осуден на доживотен затвор.

Инаетот на републиканската десница

Обајцата родители веќе две години се во затвор, уште веднаш по убиството, затоа што не можеле да ја платат кауцијата од 500 илјади долари, за да може да се бранат од слобода.

Случајот побудува интерес во САД не само затоа што е прво осудување на родители на дете-убиец, туку затоа што низ него провејува и „гневната реакција на јавноста“ која се соочува со тврдоглавото инаетење на конзервативните десничари околу оружјето. Сместени главно кај републиканците тие ги блокиртаат сите обиди на актуелната администрација на Џо Бајден да се воведе контрола во вооружувањето на населението.

На нивна страна е  Доналд Трамп кој беше и се уште е против секакво реформирање на прописите- сметајќи на гласовите на крајната републиканска десница.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе