Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Букурешт сонува за „Голема Романија“

Букурешт сонува за „Голема Романија“

Во време на силно будење на ултрадесничарењето низ некои земји во Европа, пред се во Германија, покрај традиционалното ултраштво присутно во политиката на Франција , Италија и  Шпанија, а последниве десетина години и во орбанова Унгарија, крајната десница се огласи и во Романија, низ дејствувањето на партијата која себе си се нарекува- Сојуз за обединета Романија (АУР).

Во Букурешт се оценува дека изливи на големодржавни соништа, повремено се јавуваат во романското општество, по падот на комунизмот и забрзаната демократизација на земјата. Нешто што е толку  типично за Балканот на кој земјата исто така му припаѓа.

АУР најпопуларна меѓу  гласачите

Се потсетува дека во еден период од пред дваесетина години,  тогашниот претседател Трајан Басеску  знаеше повремено да зборува за решавање на „романското прашање“ и за тоа дека Романија , со Молдавија се една природна целина. Но, се смета дека  сегашната забрзана популарност на АУР е нешто сосема друго, бидејќи оваа партија заговара создавање на некаква „Голема Романија“- за сметка на територијата на соседите.

Ситуацијата стана интересна и за европската јавност, како и за медиумите во Европа откако едно истражување на јавното мислење, покажа дека АУР има подршка од 25 отсто меѓу младите Романци на возраст од 18 до 35 години.

Тоа значи дека една четвртина од овие гласачи изјавиле оти на следните избори ќе гласаат  за оваа националистичка, ултра-десничарска и популистичка партија, што ја прави АУР најпопуларна партија на романската политичка сцена и со подршка каква нема ниту една друга партија.

Молдавија на удар

Нејзините лидери зборуваат за создавање на „Голема Романија“ со обединувањето на сите земји во кои се зборува романски јазик- пред се,  Молдавија, но и во другите околу сегашната романска државна територија.

Освен инсистирањето на големодржавната идеја, оваа партија ја критикува владата во Букурешт за воената помош што и се дава на Украина , за да се одбрани по руската инвазија.

Сепак, како и сите ултра-десничари на европскиот континент- од Шпанија и Портигалија, па се до Балканот и романската партија   е остро против либерализацијата на правата за геј заедницата и на т.н. „родна идеологија“ . Спротивставувајќи му се и на- како што велат- форсирањето на атеизмот во домашното општество.

Рефлексија на европските состојби

Аналитичка проценка е дека  ваквата популарност на АУР е  рефлексија на европските идеолошки состојби и на атмосферата на десничарење на десничарски екстремизам.

Но се смета дека влијание има и силното незадоволство на јавноста од владеачката голема коалиција што има предизвикано засилено позиционирање на ултрашите во романската политика- дополнето со национализмот и популизмот, како копија на она што се случува во соседна Унгарија.

Некои аналитичари, меѓутоа,  оценуваат дека растот на оваа крајно-десничарска партија и општо на десничарењето треба да се поврзе и со „длабокиот песимизам“ кој го има зафатено романското општество.

Една неодамнешна анкета  открива дека сам0 23 отсто од младите Романци веруваат во романската демократија, а дека во исто време, дури 67 отсто изјавиле дека размислуваат за заминување од својата земја.

Голем песимизам кај младите

Состојбата со романскиот песимизам се споредува со оној во една Германија, на пример, што таму влијае врз растот и популарноста на германската ултра-десница и посебно на партијата Алтернатива за Германија (АфД).

Овде германските ултраши го користат песимизмот  кај своите млади,  затоа што 41 отсто од младите Германци , во една тамошна анкета, изјавиле дека се загрижени од големиот број бегалци во земјата, во кои гледаат закана за својата иднина. Овој процент е двојно повисок од оној регистриран во 2022 година.

Во исто време,  за некаква своја  „голема држава“ на Балканот, покрај Романија сонуваат и орбанова Унгарија, како и Бугарија,  па Србија, Хрватска и Албанија и вмровските националисти во Северна Македонија. Притоа, секоја од нив „земајќи“ по нешто од секого во регионот. Повикувајќи  се на минатото, на историјата и на „историските права“.

(Б.Р.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе