Берген најдождлив град во Европа
Норвешкиот град Берген е најдождливото место во Европа, затоа што, секој месец, во просек има по 12,7 денови во кои врне, како и затоа што дневно се регистрирани по 8,8 мм наврната вода.
Овој податк, меѓутоа, никој не го сокрива за да не се исплашат бројните туристи кои доаѓаат да го посетат Берген. Напротив, локалните туристички организации го истакнуваат тоа како некаква атракција за градот.
„Нема лошо време“
На разгледниците има слики како туристите се огрнати со кабаници, или носат чадори, а тоа се објаснува со мислењето на Норвежаните дека – нема лошо време, туку дека само лугето се лошо (несоодветно) облечени. Постјано инсистирајќи дека луѓето во Норвешка не го мразат дождот.
Конечно, домаќините и гостите се согласуваат дека врнежите не ја намалуваат убавината и привлечноста на Берген, на неговата околина исполнета со шуми и паркови, како и со широко разгранетите фјордови.
Дождливото време, пак, се објаснува со специфичната местоположба во која се наоѓа градот- заобиколен со дури седум планини , сместен на југозападот од Норвешка , на брегот од Северно море. Сето тоа, според климатските експерти, го прави овој втор по големина град во земјата- да биде најдождливото место на Стариот континент.
Во 2006-та врнело 85 денови
Најмногу врнежи се регистрирани во есента 2006 и на почетокот од 2007 година. Во тој период, дожд врнел дури 85 денови- од 20 октомври па се до 21 јануари. Како најдождлив период, сепак, се смета еден месец во 1952 година , кога не престанало да врне од 1 до 21 јуни.
Како најдождлив месец се смета јуни, а најмногу врне во октомври, но Норвежаните велат дека тоа е само статистика и дека таа , сепак, не мора секогаш да се покаже како точна.
Што се однесува до температурата – во лето таа се движи меѓу 10 и 20 степени, а јули важи за најтоплиот месец. Зимите , пак, се ветровити, со малку снег. Зимските температури, во просек, се меѓу 0 степени Целзиусови и пет степени под нулата.