Поврзете се со нас

Skopje Global

white and black cruise ship

Екстра Глобал

„Луѓе со повеќе пари отколку памет„

„Луѓе со повеќе пари отколку памет„

Властите во Грција соопштија дека се уапсени сите 13  лица од луксузната јахта за крстарење по Егејско Море – богатите патници и членовите на екипажот- затоа што со своето неодговорно однесување предизвикале шумски пожар на островот Хидра.

Сите се осомничени за намерно подметнување оган, откако една ноќ, во текот на крстарењето, правејќи журка на бродот, во непосредна близина на брегот од островот, организирале огномет.

Пожар предизвикан од забава

Насочени кон брегот проектилите од огнометит паѓале во шумата , па еден од нив ја запалил сувата трева, од што настанал силен пожар. Според локалните власти, изгорела шума од млади борови.

Гледајќи го големиот пламен што брзо се  создал, биле активирани шумската противпожарна служба и полицијта кои, меѓутоа, тешко се пробивале до запалениот реон , затоа што пожарот зафатил одалечени и тешко достапни делови од островот.

Кога огнот бил локализиран, противпожарните власти го известиле обвинителството за тешкиот инцидент кое издало наредба за апсење на виновниците.

Локалните власти изјавиле дека се шокирани од неодговорноста и бахатиот однос на лугето од јахтата кои онака, од забава, запалија и изгореа цела шума. Уште сето тоа снимајќи го за да го имаат за спомен.

Гневнито локално население, иако живее од туризмот и од туристите , изјавиле за медиумите дека станува збор за – „богати луѓе кои имаат многу повеќе пари, отколку памет во главата“.

Јахтата била изнајмена, додека неодговорните богаташи биле државјани на Казакстан.

Хидра – популарна  локација

Според атинските медиуми, полицијата ја сочекала јахтата да пристане во марината во Атина и на самото место ги уапсила сите 13 осомничени лица.

Островота Хидра е сместен југозападно од грчкиот главен град , во заливот Сироники, и важи за популарна локација за богатите сопственици на помали и поголеми јахти.

Уапсените се соочени со можноста  покрај наплата за предизвиканата штета, да добијат и затворска казна.Доколку се утврди дека намерно е предизвикан пожар може да добијат и 20 години затвор.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе