Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Лекарски тестови ми прават секој ден“

„Лекарски тестови ми прават секој ден“

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „секој ден лекарскиот тим му прави разни тестови“, објаснувајќи дека (како на претседател на Америка)  тоа се прави додека ја води изборната кампања, но и поради светот.

„Звучи како хипербола, но ние (САД) сме битна држава за светот“- изјави во интервју за телевизијата Еј-Би-Си Њуз, Бајден , одговрајќи на прашањето – дали би прифатил да му се направаи „независна когнитидна проценка“ која потоа би и се презентирала на американската јавност.

Претседателот мирно има одговорено дека- нема потреба за тоа, бидејќи е редовно изложен на проверка на здравјето.

Политикански причини

Затоа,  низа посматрачи кои не се врзуваат за десничарската, трампова хистерија дека Бајден е (наводно) „нездрав и изматуфен“ , па затоа  треба Трамп да го изберат за претседател- сметаат дека ваквото барање- кој и да го има понудено- е навредливо и  понижувачко, затоа што се прави само од политикански причини.

Се бара потврда дека човекот е здрав со само една единствена цел- за да му се напакости на актуелниот шеф на државата и за да   се дисквалификува како кандидат за втор претседателски мандат.

Се потсетува дека на такви редовни и темелни лекарски контроли биле изложени сите претседатели пред него- од младиот  Џон Кенеди, или исто така младиот Бил Клинтон, па се до длабоко возрасните Роналд Реган, или сега 81 годишниот Бајден.

Трамп ги криеше тестовите

На контроли беше подложен и 78 годишниот Доналд Трамп, само што сето тоа го сокриваше од јавноста на САД, како што „змијата ги крие нозете“.

Постојано настојувајќи да докаже дека тој е „млад и се уште витален“.

Тоа отиде до таму, што во време на избувнувањето на корона епидемијата во САД, кога смртноста достигна големи размери, а тогашниот претседател (Трамп) постојано ја намалуваше големината на пандемијата-  побарал тајно да се вакцинира.

Во истото  време кога зборуваше дека нема потреба од панична реакција и од задолжителна вакцинација на целото население.

„Нема показател за некаква болест“

Како и да е, на водителот на интервјуто (Џорџ Стефанопулос) претседателот Бајден му објаснил дека неговиот лош настап во текот на дебатата со Трамп, на 27 јуни, била само „една лоша епизода“.

„ Затоа што ,едноставно, нема ниту еден показател за постоењето на некоја сериозна здравствена состојба“ – има речено Бајден.

Според претседателот, тој ден, во текот на дебатата, се чувствувал  мошне исцрпено, затоа што бил болен од сериозна настинка.

На прашањето – зашто во текот на деновите минати во резиденцијата во Кемп Дејвид, не се подготвил за (очекуваната) остра и груба дебата,  Бајден има одговорено дека – боледувал.

„Се чувствував ужасно, па побарав од лекарите да ми направат и анти корона тестови, што тие тоа го сторија.

Продолжена анти-Бајден кампања

Се покажа дека не сум заболен од корона и покрај истоветните симптоми“- рекол Бајден кој му има признаено на новинарот на Еј-Би-Си дека бил свесен за својата состојба и за својот настап- таков, каков што беше.

Tокму тој настап сега се користи за продолжената анти-Бајден кампања , за да се натера актуелниот шеф на државата да се откаже од намерата да побара и да добие уште една номинација за претседател на САД.

Покрената е силна кампања во десничарските медиуми и од американската десница. Таа, пак,  постојано се повикува на некакви изјави на „угледни демократи“ дека Бајден треба да се тргне и да се најде некој друг и млад кој ќе можел да му се спротивстави на „вечно младиот“ Трамп.

Во служба на десничарите

Таквата кампања, која наводно се води за да им се помогнело на демократите, за да не доживееле пораз на изборите, всушност, значи само  „терање на водата“ на страната на еден насилник во политиката на САД.

Или на – „едно зло кое треба трајно да се елиминира“- како што тоа неодамна го изјави актерот Роберт Де  Ниро, по осудувањето на екс претседателот за корупција.

Во таа и таква кампања активно се вклучени и некои европски медиуми ( дури и едно Би-Би-Си), или десничарскиот лондонски „Дејли Меил“, делувајќи како да се одлучува за британски избори.

Но, кампањатаглавно ја водат гласила на  крајната десница и на сите оние сили во Европа кои продаваат десничарење, популизам, национализам. Сите во служба на политиката за разбивање на единството на ЕУ и на западниот блок, чии предводници се еден Орбан, или Словакот Роберт Фицо.

Бајден останува во трката

Обајцата се веќе означени како вазали на Путин и како службеници на кинескиот лидер Си, затоа што нивната улога треба да биде во функција да се потикне трамповиот изолационизам, за да Европа/ЕУ останат сами и без Америка, наспроти мрачното сојузништво на двајца деспоти и на нивните тоталитарни држави.

Политика од која Москва и Пекинг треба максимално  да профитираат.

Репортерот на Еј-Би-Си, сепак,  го има прашано Бајден и за тоа – што ќе направи доколку неговата кандидатура предизвика пораз на демокаратите на изборите.

На тоа Бајден има мирно одговорено дека- нема што да каже, бидејќи тоа нема да се случи. Порачувајќи при тоа дека „од изборната трка ќе излезе само ако Господ му рече тоа да го направи“.

(Д.В.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе