„Туристи одете си дома”
Повеќе илјади лица се собраа на улиците на Барселона на демонстрации против маовниот туризам, во овој втор по големина, но и најпосетен град во Шпанија.
Движејќи се низ центарот на градот и по познатиот булевар „Рамбла“- преполн со ресторани, кафулиња и тераси, исполнети со странски гости-демонстрантите скандирале против , како што велат, преголемиот наплив од странци.
Постојано извикувале- „туристи одете си дома“- како и – „доста ни е од вас“, а со детски пиштоли, наполнети со вода, ги прскале туристите кои почнале паничнно да ги напуштаат локалите, не разбирајќи за што станува збор.
Блокада на туристичките локалитети
Дури 150 организации и движења на граѓаните биле вклучени во масовниот анти-туристички протест , чии активисти на симболичлен начин ги имаат блокирано и „запечатено“ туристичките локалитети и хотели за да не можат да примаат странски гости и туристи.
Нема повредени, а ниту оштетени во овој напад на демонстрантите . освен што не мал број од странците останале испрскани и солидно намокрени.
Но, тие сметаат дека целта на протестот е постигнат, затоа што изразениот гнев против гостите од странство, не се однесува само на Барселона, туку и на другите места во Каталонија, како Валенсија и Тарагона, но и на другите шпански градови „нападнати“ од туристите.
Најпосетен град во Шпанија
Ваков сличен протест веќе се одржа и во Малага, каде демонстрантите барале градот да им се остави на неговите жители, како и на Канарските острови, во популарното одморалиште Ланзароте и во Палма де Мајорка, при што секаде е постигнат голем публицитет во домашната и во европската јавност.
Претставник на демонстрантите изјавил дека тие сакаат раст на економијата во Барселона, но бараат од властите да се изработи модел кој ќе биде многу пофер и кој ќе води сметка и за жителите на овој град.
Особено, што најпосетениот шпански град, продолжува да се полни со туристи од Европа и од светот, па се смета дека веќе сега- пред почетокот на главната сезона- е преполн со странски гости.
Станови за туристи
Се верува дека тоа е штетно за неговото население , затоа што просечно, годишно, во Барселона има по 22 милиони посетители, туристи и гости.
Градските власти кои настојуваат да најдат заеднички јазик со разните протестни групи, како прва мерка за некакво зауздување на напливот од гости, веќе донесоа одлука за воведување на посебна туристичка такса од четири евра, за секој посетител.
Властите признаваат дека се загрижени од свовидната шпекулација која (зад сцената) ја прават агенциите и сопствениците на приватни станови.
Тие се договараат- наместо за издавање на становите за домашните луѓе, кои немаат и не можат да купат стан за себе- да ги претвораат во туристички објекти, за издавање на туристите.
„Виновни“ за станбената криза
На тој начин, заработуваат и едните и другите, а посебно профитираат станодавците кои заработуваат на своите станови многу повеќе , зашто издавајќи ги за туристи добиваат повисока цена од наменината (киријата) кога станот би се издавал на Шпанци.
На тој начин, земјата која е позната по големата станбена изградба, на целата своја територија, се соочува со недостиг на станбен простор. Затоа што се што може да се искористи и да се преуреди, се претвора во апартман, или во студио за издавање на странските туристи.
Ваквата ситуација претставува проблем за самците во Барселона ( и во туристичките места) и за младите брачни двојки кои не можат да најдат стан за себе, или мораат да плаќаат за изнајмување како да се гости на градот- живеејќи во туристичките станови.
Радикализација на протестите
Затоа се шири бранот на протестите, како овој во Барселона, кој се покажа и како најрадикален досега- со нападите кон странците, за да (симболично) се протераат од градот.
Демонстрации имаше и минатата година, затоа што се верува дека недостигот на станови ( за населението) е директна последица од градењето станови за издавање на туристите , за да им се угодува на странците, но и за да се заработи.
Сето тоа стана и политичко прашање на кое профитира крајната десница која со популистичаката пропаганда им ветува на граѓаните дека – брзо ќе го среди прашањето- иако сње знае дека ниту една партија не сака губење на големиот профит на Шпанија од туризмот. Токму странците ја имаат направено земјата да биде најпосетена во светот.
Освен поради недостигот на станови за живеење, демонстрантите се гневни на странските турусти и затоа што нивниот наплив, во случајов, во Барселона, има предизвикано проблеми во секојдневното живеење, но и големо поскапување на сите услуги.
Бришење на туристичките станови
Властите затоа најавуваат еден радикален план за смирување на туристичката наезда- со бришењена над 1о илјади туристички станови и нивно претворање во станови за издавање- за живеење на оние кои немаат свој стан. Планирано е оваа програма да се спроведе од следната година и да трае наредните пет години.
Во Барселона се верува дека тоа може да ја смири ситуацијата и да ја намали станбената криза, која станува веќе и европска состојба. Протести врзани за недостигот на станови за живеење веќе има и во Италија, во Малта, Ирска и Португалија, но и во Грција.
Во реонот на Атина, на пример, има нови квартови во кои нема население ( становите се издаваат за туристи, или за продавање на странци) , па во нив ( велат), нема ниту деца,а оваа година немало ниту ученици.