Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Панамски канал без вода

Панамски канал без вода

Климатските промени имаат своја најнова жртва, а тоа е Панамски канал, еден од најзначајните поморски патишта во светот.

Долготрајната суша и отсуството на врнежи, предизвика овој 110 години стар канал , низ кои минуваат танкерите кои го пренесуваат американскиот течен гас (ЛНГ), како и бродовите со латиноамериканските земјоделски производи, да западне во сериозна криза со водата, што ги натера властите на Панама да ја ограничат пловидбата.

Сушата ја ограничува пловидбата

Се очекува сезоната на врнежи, што веќе  е започната да ја подобри ситуацијата. Тоа се смета за исклучително важнп за светската трговија, бидејќи низ каналот кој ги поврзува Пацификот и Атлански океан, минува 50 отсто од контејнерскиот товар од Азија за  источниот брег на САД.

Знаците за криза со водата беше регистрирана во текот на 2023 година, кога сушата предизвика да се намали водата во каналот до критичното ниво , па властите се определија за ограничување на сообраќајот низ каналот.

Во текот на декември низ каналот можеа да минуваат најмногу по 22 бродови, во текот на денот, наместо нормалниот број од 36  до 38 бродови.

Климатслите промени и „Ел Нињо“

Ваквата ситуација создаде гилема „турканица“ на влезот од каналот, каде сега со денови чекаат за минување над 160 бродови. Годинава, меѓутоа, ситуацијата е уште полоша, па во текот на јули низ Панамски канал можело да минуваат само по 13 танкери со ЛНГ. Тоа е два пати помалку во споредба со 2022 година.

Експерти велат дека ваквата состојба и се заканува на светската економија , но ја доведува во прашање и иднината на каналот, што  пак  создава криза во државата, која основата на своите приходи ја има од наплатата на таксата за минување по овој воден пат.

Климатски стручњаци  за сушата ги обвинуваат феноменот „Ел Нињо“ и натамошното зголемување на температурата на Планетата. Тие заедно придонесуваат за паѓање на нивото на водата во каналот.

Екстра пари за  преку ред минување

Од друга страна, загрижува што ова придонесува ( за прв пат) да се намали атрактивноста на Панамски канал. како транспортна опција , бидејќи ограничувањата и долгото чекање ред за минување, создаваат екстра трошоци за бродските компании.

Ситуацијата е доведена до таму што еден јапонски бродски сопственик се согласил да плати екстра четири милиони долари- за да може преку ред-  да помне низ  каналот.

Бродарите се гневни на панамските власти дека (практично) не прават ништо за надминување на состојбата. Тие, пак, објаснуваат дека не може да ги контролираат дождовите, сепак, согласувајќи се дека ситуацијата не може да се решава со постојано зголемување на цената за минување.

Најголем проблем се создава со блокирањето на транспортот на американскиот ЛНГ, наменет за Европа, што минува низ каналот, заменувајќи го рускиот гас и елиминирајќи ја зависноста на европскиот пазар од Русија.

Патување околу Африка

Некои трговци, затоа, се определуваат за користење на дамнешниот природен пат околу Африка, за пловењето до источниот брег на САД , или за Азија. Тоа значи подолго патување и зголемување на транспортната цена, но затоа, не се чека за влез во Панамски канал и за добивање дозвола од локалните власти.

Властите на Панама, настојуваат да ја намалат нервозата на вродските компании, обидувајќи се да најдат трајно решение кое би го ревитализирало овој поморски пат.

Забразно се прават проекти за изградба на резервоар за вода, за потребите на каналот, кој би ја прибирал водата од реката Рио Индо и би ја складирал за полнење на каналот во сушните периоди.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе