Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Авиони „Миг-29“ од Србија за Украина ?

Авиони „Миг-29“ од Србија за Украина ?

Воениот договор меѓу  Франција и Србија за набавка на 12 нови повеќенаменски борбени авиони „Рафал“, за српската војска, има и тајна клаузула – тврдат во Москва.

Според Елена Владимировна Панина, поранешен потпретседател на руската Дума, тајниот дел од договорот на српскиот и францускиот претседател, предвидува префрлање на руските ловечки воени авиони „Миг-29“, што сега ги има војската на Србија, во Франција, од каде потоа, авионите ќе бидат испратени во Украина.

Нема согласност на Москва

Панина тврди дека  „миговите“ ќе им се испорачаат на Французите во текот на декември годинава.

Таа е уверена дека овие воени авиони не и се потребни за ништо на француската армија, па затоа е очигледно дека леталата што сега се во посед на Србија, преку Франција ќе завршат на крајот во Киев- како српска помош за Украинците.

Панина верува  дека Москва била информирана за овој дел од француско-српскиот договор. Но, е сигурна дека Белград нема добиено согласност од руската страна за една ваква трансакција.

Според официјалните податоци, српската војска има на располагање 14 авиони „Миг-29“ кој се во употреба.

Руската политичарка, пак,  тврди дека Србија има повеќе, па затоа и трансферот со „миговите“ ќе содржи 36 вакви авиони. Не се знае колку од нив може веднаш да се користат.

И Украинците  „словенски браќа“ на Србија

Панина забележува дека ова не е прв пат Србија да му испорачува на Киев оружје и муниција. Преку земји-посредници , Украина веќе има добиено разна муниција во вредност од над 800 милиони евра.

Во својот текст на „Телеграм“, Елена Панина револтирано прашува – „уште на колку од словенските браќа, Русија се уште  ќе може да им продава свое оружје, без ризикот тоа подоцна да биде насочено против руската страна“.

Реакцијата од Москва се појавува речиси во истовреме со изјавата на српскиот премиер Милош Вучевиќ, на Бледскиот стратешки форум во Словенија,  каде за прв пат, како- „наши (српски) словенски браќа“- беа означени и Украинците. Оваа формулација досега се  користеше само за Русите.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе