Поврзете се со нас

Skopje Global

Македонија

Оперска „срешта“ во Софија

Оперска „срешта“ во Софија

Претседателката на Северна Македонија беше во Софија, во соседна Бугарија, во рамките на гостувањето на ансамблот на Националната опера и балет (НОБ) од Скопје на сцената на софиската опера.

И тоа е добро, не само како модел за некаква „културна дипломатија“ туку и како обид ( без разлика од чија страна е покренат) за некакво „топење“ на длабоко замрзнатите македонско-бугарски односи.

За што и Софија, а и Скопје- низ делувањето на доскора вмровската, националистичка и квази патриотска опозиција, а сега иста таква  власт- работеа  создавајќи клима на омраза и непријателство.

Протоколарно среќавање

Случајно, или не,  ваквата визита се поклопи со одбележувањето на 20 годишнината од членството на Бугарија во НАТО, па затоа, ваквите срешти-  нека се и за оперска претстава- во секој случај, даваат можност за зближување на двата, сега и сојузници во Северноатланската алијанса.

Посебно, кога се знае колку долго во Скопје се чекаше на чланството  на земјата во НАТО и на старот на преговорите за влез во ЕУ. За што сега има и рок- даден од Брисел- до 2030 година.

Посетата , во секој случај, беше неофицијална, но двете страни се имаа согласено- да дојде до (протоколарна) средба на претседателите на двете земји.

Немаше притоа некаков оптимизам и надеж дека од таа средба нешто ке може да се покрене. Не само поради позицијата што ја има претседателката на Северна Македонја, според  Уставот, туку и во домашната политика- како обичен извршител на налозите на вмровско-бранковистичката влада во Скопје.

Без знамето на Северна Македонија

Сепак, имаше малку надеж дека барем нема да се создаваат дополнителни тензии и проблеми, а токму тоа се случи.

Беше оперската претстава, како што беше, а се сретнаа и двајцата претседатели, но намерно или не, дојдените од Скопје не забележaa дека на службената фотографија од претседателската средба (и од онаа на министрите за култура) е истакнато само бугарското знаме и знамето на ЕУ.

Го нема знамето на Северна Македонија кое (за потсетување) вмровските “патриоти“ и партиски активисти, на чело со лидерот во Будимпешта и овој, кој чува фотеља во Скопје- не го признаваат. На митинзи и на вмровски слави и прослави тие мавтаат со туѓо знаме.

„Виновникот е другата страна“

Се ќе поминеше молкум, ако не реагираше македонската опозиција, барајќи објаснување за тоа како претседателката, која веќе поднесе неуставна заклетва, сега не реагира и за тоа- што со странски државник, се фотографира без знамето на државата чии интереси треба да ги заштитува.

Притоа не реагира никој. Ниту таа , а ниту било кој од нејзиниот кабинет, составен од „благонадежни патриоти“ кои „очи вадат“ за своето македонство.

Не требаше, секако, среде кабинетот на бугарскиот претседател да избие кавга, но за тоа, со една куса изјава, или соопштение, можеше да се огласи некој веднаш потоа.

Кога тоа, најпосле, уследи, излезе дека се виновни Бугарите, домаќините на „срештата“- кои не се држеле за претходно договорениот протокол- да нема истакнување знамиња. Иако тој што тоа го договарал требало барем малку да знае дека нема бугарската страна да ја менува претседателската канцеларија за една протоколарна снимка.

Фалсификат на Фејсбук

По стариот македонски обичај- дека секогаш некој друг е виновен- како и дека овде никој не знае барем да се извини, ако веќе се нема доблест да се понуди оставка (и онака нема да биде прифатена)- медиумите во Скопје побрзаа да објават дека министерот за надворешни работи, кој беше во Софија, ќе го викнел бугарскиот амбасадор во Северна Македонија- за да го искара за грешката.

А, некако во исто време, додека се изведуваше операта „Набуко“- некој (веројатно) од куќата за фалсификати на вмровците,  на Фејсбук- за „виновник“ што се расипа малку политичката претстава за македонската јавност- за тоа колку е „разработена“  вмровската власт, на сите полиња- го прогласи Зоран Заев.

Според српскиот обичај, смисли нешто за да се замајува народот- овие овде- измислија дека екс премиерот- „има бугарско државјанство“ , па дека затоа договорот за пријателство и соработка, не може да важи.

Договорот и легален и полноважен

Што ќе рече- бил потпишан од „двајца Бугари“- од Заев и тогашниот бугарски премиер Бојко Борисов. А тоа е оној кој јавно бараше од-  сега избеганиот екс премиер, лидер на вмровците и осуденик за корупција- да си даде оставка.

„Истиномер“ брзо и лесно утврди дека станува збор за подметнување како и за лоша монтажа на сликата од божемниот „документ“- удостоверението- за Заев кое носи датум од седум денa пред обидот на режимот на „груевизмот“ за пуч во Македонија- за „патриотите“ да останат вечно на власт.

Договорот, во секој случај, беше потпишан на 1 август 2017 година ( во време на трамповата администрација) и тој е и легален и полноважен. Беше подржан и поздравен од ЕУ и од САД- како пример за тоа како треба да се решаваат работите на Западен Балкан, оптоварени со минатото. Таа подршка и квалификација важи и сега.

Не може да има “репреговарање“

Случајот со измисленот „виновник“ не го покажува само нивото на сегашната власт и нивната несакање да се води земјата кон Европа, туку и спротивставувањето да се оди напред, кон целосната македонска политичка и национална афирмација- како членка на ЕУ.

Наместо сегашната, ново-стара политика од режимските години за одржување на тензиите и кавгите со соседите, освен со Србија, а преку неа со Унгарија, Русија и Кина.

Пред да се случи „срештата“ во Софија и бугарскиот претседател и тамошниот (технички) премиер, им пратија порака на „скопјаните“ дека ништо од тоа што тие им го продаваат на своите вмровци и на наивните гласачи во Северна Македонија- за некаква ревизија на договорот – не може да стане збор.

Едноставно, не се преговара (одново) за веќе потпишан договор зад кој стојат и ЕУ и САД- како гаранти- туку дека треба да се реализизира она што го има одлучено – како компромис- Европскиот совет на ЕУ (сите лидери на земјите членки).

Погрешни изјави и лажни ветувања

Станува збор  за техничката уставна реформа, онака како што тоа се изведе во случајот со внесување на Бошњаците во Уставот на РСМ, од вмровската влада во режимските години.

Тоа е порака за премиерот кој продолжува да ја лаже јавноста дека – ќе репреговарал со Софија, кога таму ќе имало политичка влада.

Тоа е порака и до претседателката која зборува дека во договорот- немало одредба за промена на Уставот и одново покажува дека е погрешен човек на важно место, но и порака за шефот на МНР во Скопје.

Еден (велат) неуспешен градоначалник на општина кој како министер дава „патриотски“ изјави дека комисијата за историја и образование била – политичко, а не научно тело. Односно, дека таа требало  да го „брани идентитетот, служејќи и на политиката на владата“.

Човекот очигледно не разбира дека со ваквата позиција владата, само се приклонува на  заложбата на бугарските националисти- за минатото и за историјата да се зборува како за политика.

(О.У.)

 

 

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Македонија

Горе