Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Чаплин како илустрација за Хитлер

Чаплин како илустрација за Хитлер

Новиот учебник по историја, за осмокласници во Србија, предизвика бранување во тамошната јавност,  откако  времето на нацизмот во Германија, е илустрирано со фотографија на комичар0т  Чарли Чаплин, наместо со сликата на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер – онака како што му доликува на секој историски учебник.

Всушност, Чаплин , на некој начин, се појавува како некаков „дублер“ на најголемиот воен злосторник во историјата, затоа што освен портретот, во делот за нацизмот, лекциите се илустрирани со фотографии од сцени во филмот „Големиот диктатор“  снимен во 1940 година.

Несоодветно и непримерно

Според белградската тв „Нова РС“ навистина Чаплин го исмева „големиот диктатор“ во нацистичка Германија, никаде не споменувајќи ја земјата, освен што верно ги пренесува и гестовите и однесувањето на Хитлер, онака како го имаат опишано хроничарите и историчарите.

Но,сепак,  се смета дека е крајно несоодветно и непримерно на тој начин да се опишува и да се обработува една историска тема за еден период од Германија и Европа , што светот го памети како најмрачното време на Стариот континент – од каде тргна Втората светска војна што ја покрена Хитлер.

Издавачот на учебникот, прво ја отфрлил одговорноста од себа, не прифаќајки дека има грешка. Подоцна, меѓутоа,  се огласил со објаснување дека – илустрациите со Чаплин и со еден комичен филм се намерно ставени. За да го прикажеле времето во Европа меѓу двете светски војни. Обвинувајќи ги за реакциите- „неинформираните граѓани“.

Величање на воени злосторници

Така не мислат оние кои се прогласени  за “културолошки неписмени“ . Тие сметаат дека учебникот одново ја покренува темата за тоа како се образуваат учениците. Посебно кога станува збор за историјата околу која постојано има различни толкувања и интерпретации.

По овој повод, на социјалните мрежи има несогласување што во учебници се велича четничкиот лидер и колаборационист Дража Михајловиќ. Особено што  градоначалникот на Белград предлага да се тргне гробот на Тито, а да се подигне споменик на Дража кој има соработувано со нацистите.

Слично нешто, велат,  се случува и во српската енклава во БиХ, Република Српска, каде во учебниците по историја за својата територија, воениот злосторник Ратко Младиќ се прикажува како „историска личност и национален херој“.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе