„Анора“ победник во ноќта на Оскарите
На годинешново 97 -то по ред доделување на наградата Оскар, на Американската филмска академија, уверлив победник е филмот „Анора“, на режисерот Шон Бејкер.
Филмот не важеше за главен фаворит, како што тоа беа мјузиклот „Емилија Перез“ со дури 13 номинации и „Wicked” и „Brutalist” со по десет номинации, но сепак се покажа како најдобар и пред сие другите.
Беше прогласен за најдобар филм, за најдобра режија, Бејкер доби Оскар и ж.за најдобро сценарио, како и за филмска монтажа. Оскаровка стана и главната актерка на „Анора“ ,. Мајки Медисон.
Неуспех на фаворитите
Во ноќта меѓу понеделникот и вторникот Бејкер на крајот триумфираше и стана првиот досега кој самиот има освоено дури четири Оскари.
Наградата за најдобра машка улога доби Адријан Броди за филмот „Brutalist”, за најдобра споредна женска улога Зое Салдана за филмот „Емилија Перез“, додека Киран Калкин освои Оскар за својата улога во „A Real Pain”.
Фимот во кој игра Броди освои три Оскари, а фаворизираната „Емилија Оерез„ само два. За најголемо изненадување се смета неуспехот на филмот „А Complete Unknown”- бифграфски филм за Боб Дилан, Важаше за прикриен фаворит, но на крајот не освои ниту еден Оскар.
Предолги говори
За првпат водител на вечерта беше Конан О Брајен, а американските медиуми забележуваат неколку пикантерии на вечерта.
Пред се, мастиката за џвакање на Броди, што тој на брзина и ја дофрли на својата партнерка за да се поздрави со Хали Бери, неговата долга говоранција по доделувањето на наградата, што организаторот се обиде да го прекине,како и настап0т на возбудениот Калкин кој- јавно и пред сите во салата „Долби„ во Лос Анџелес и вети на соругата- четврто дете.
Оскари за церани филмови добија и еден од Латвија ( за прв пат) и еден од Иран . Ветеранот Морган Фримен му одаде посебна почит на неоодамна починатиот оскаровец Џин Хекман.
