Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

За Украина се потребни над 130 милијарди

За Украина се потребни над 130 милијарди

Со војна зафатената и од Русија разорената Украина, од пред крајот на минатата година, официјалено стана земја -кандидат за влез во ЕУ. Придружувањето на оваа поранешна советска република во  Унијата , се забрза откако членството  во НАТО (засега) носи со себе низа воено-политички и безбедносни дилеми,  што предизвикуваат резерви кај дел од земјите во Алијансата.

Рејтингот за членството на оваа земја во Унијата, меѓутоа, стои подобро. Барем кога станува збор за подршката што Украинците ја имаат меѓу Европејците. Едно неодамнешно истражување открива дека Украина дури е и најпопуларна во европската јавност, меѓу сите земји кандидати за влез во ЕУ, вклучувајќи ги и државите од Западен Балкан , заедно со Турција.

Влијание на војната

Според оваа анкета, Украина  ја има подршката од 48 отсто , додека против се определиле 35 отсто од анкетирените.Најмногу противење за украинското членство има во Унгарија, дури 55 отсто, а висок процент на противници има и во Франција.

Сепак, при ова определување за популарноста,  не се знае колкаво е влијанието на војната која е во тек и на страдањата што Украинците ги поднесуваат по бруталната руска инвазија.

Се смета дека  тоа не е мало, затоа што и  една  БиХ, која од скоро е земја-кандидат, има добиено 37 отсто подршка, иако со силно спротивставување во германската и во француската јавност. Две земји кои последниве години ( најпосле) се усогласија околу потребата од забрзано проширување на  Унијата.

Турција и Србија непопуларни во ЕУ

Турција, пак, во секој случај,  стои уверливо најлошо. Дури 55 отсто од Европејците се против земјата на Реџеп Таип Ердоган да стане членка на ЕУ.

Лошо котира и Србија, за која повеќето од анкетираните (37 отсто) се изјасниле против нејзиниот прием, отколку оние кои биле за влез на оваа западнобалканска земја (35 отсто). Таков однос е регистриран и за Албанија.

Како и да е, украинската популарност не значи многу , затоа што пред Украина стојат уште многу работа и многу нешта што оваа голема по површина и население источноевропска земја, треба да ги направи во годините кои претстојат. Дури во ситуација војната веднаш да заврши.

За ова зборува и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел , инаку голем приврзеник и агитатор за забрзано проширување на ЕУ, пред се, со земјите од Западен Балкан.

Украина и Западен Балкан

На таа позиција се наоѓа  и германското Дојче Веле кое забележува дека без разлика што земјите од Западен Балкан во ЕУ ќе влезат како сиромашни, во споредба со просекот на Унијата.

Тоа значи дека сите тие ќе бидат само корисници на европските развојни фондови,црпејќи пари од буџетот на ЕУ, но  тоа сепак е ништо во споредба со потребите и барањата на една Украина.

Големата и главно селско-стопанска Украина ќе треба да ги зема безмалку сите пари  од Заедничката аграрна политика (ЦАП) – за својот аграр, но и за се друго, за да ги настигне сите други земји од ЕУ кои сега се далеку пред неа.

Тоа создава отпор кај една орбанова Унгарија, од каде се предлага за Киев да се определи специјален статус и во ЕУ и во НАТО, а Украина да се третира како „тампон зона“ на Европа и на ЕУ.

Специфична транзиција

Меѓутоа, од украинското членство стравуваат и многу други земји во Унијата- затоа што при евентуалниот влез на Украина, сите сегашни членки ќе треба да земаат помалку средства од заедничкиот европски буџет и фондовите, а при тоа, да партиципираат со повеќе свои пари.

Мишел, на пример, посочува  на последниот извештај на тинк/танк организацијата „Бројгел“, според кој на Украина , во следните седум години ќе и бидат потребни најмалку 13о милијарди евра за опоравување од војната и од сето тоа што таа го има донесено, за да почне  притоа и да се вклучува во исполнувањето на реформите кои ги бара Унијата за секоја нова членка.

Претседателот на Европскиот совет, затоа, сугерира дека за оваа земја можеби ќе треба една специфична транзиција, врз модел кој би бил различен  од сегашниот. Не само затоа што привлекувањето на Украина, на тој начин, би чинело многу повеќе пари.

Киев заостанува и зад Бугарија

Станува збор за земја во војна , која освен тоа заостанува и развојно и општествено зад ЕУ. На пример, Украина  има три пати помал БНП  од една Бугарија, која е најмалку развиена земја-членка во Унијата. Тоа го покажува големиот јаз меѓу Украина и ЕУ како целина, во случајов споредена дури со најслабата економија во сојузот.

Тоа и го предизвикува стравот дека влегувањето на Киев би можело да ја дестабилизира ЕУ и нејзината буџетска структура, односно носи опасност сите другите да останат без европските развојни фондови.

За кандидатите од Западен Балкан, меѓутоа, ги нема овие дилеми и стравувања.

Тие и онака се многу поблиску до ЕУ од една Украина, па затоа за нив постои и голема можност, тие да почнат да влегуваат во ЕУ веќе од 2028 година, а сите до крајот на 2030.  Потребно е само да бидат спремни за примањето во Унијата.

(С.Г.)

 

 

 

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе