Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Анти Маск протести низ Америка

Анти Маск протести низ Америка

Пред, автосалоните на „Тесла“ низ Америка се одрежаа низа протести против сопственикот на компанијата, милијардерот Илон Маск, кого Доналд Трамп го направи политичар и моќник во трамповата администрација кој му одговара само на претседателот на САД.

Луѓето  протестираа против чистките и отпуштањето од работа на вработените во државната администрација, што ги спроведуваат Маск и „неговото“ министретсво за ефикасност во владата.

Чистки во државната администрација

Најголемо учество во неговото лично богатсво , што се проценува на 340 милијарди долари , се наоѓа во акциите на компанијата „Тесла“ со која, инаку, и како новопечен министер продолжува да управува, во исти време додека му служи на Трамп, во спроведувањето на неговите политичко-идеолошки и економски мерки за чистење на администрацијата од „неподобните„- од нерепубликански и  либерални вработени во државните служби.

Во обид да се казни Маск, а веројатно преку него и да му се прати порака на Трамп, загрозувајќи ја продажбата на автомобилите „Тесла“, демонстрантите се имаат собранo пред неговите салони во Њу Џерси и Масачусетс, како и во Њујорк, Конектикат, Мериленд, Мисури и во Тексас. Но, подоцна, демонстрации имало и  други локации- големите  градови – Вашингтон, Синсинати, Чикаго и во Сијетл на крајниот северозапад од САД. 

 Според американските медиуми, антн Маск протести имало и во Европа, а посебо се истакнуваат протестите во Лондон , пред продажниот центар на „Тесла“ во британскиот главен град. И во Европа. милијардесот бил напаѓан за својата замешаност во политиката и неговото брутално однесување кон вработените и отпуштените од работа.

„Американците не гласаа за Маск„

Демонстрантите и во Америка и во Европа носеле транспаренти во кои Илон Маск се поврзувал со нацистичкиот водач Адолф Хитлер, како и со нацистичкиот поздрав -„хајл“ и со подигнатата десна рака- со кој во повеќе случаи ги има поздравувано републикнските сомпатизери и гласачи.

Демонстрантите на транспаренти масковите возила ги означувале како „свастика автомобили“ , според името на кукастиот крст, симболот на нацизмот, а низа познати личности, во знак на протест ги имаат продадено своите „Тесли“, како познатиот актер Џон Кјузак.

Маск , арогантен каков што е , има речено дека не го вознемируваат протестите, иако продажбата на возилата е намалена, а падната е и вредноста на акциите на компанијата. За политичките аналитичаеи, пак, важми за истакнување се бројните пароли и плкати за тоа дека – Американците не гласале за него и нема мандат за да се пресметува со луѓето.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе