Отровната риба балон и во Јадран
Опасната и отровна риба- позната како балон- се појави и во водите на Јадранско Море. Станува збор за риба-четиризабец од типот на сомовите- што мошне брзо се размножува во водите на Медитеранот.
Таа претставува за закана за подводниот свет во Средоземно Море, но е опасна и за луѓето.
Достигнува должина до половина метар, а тежина до 1,5 кг. Најново е дека е забележана во делови на северен Јадран, но експерти објасуваат дека била регистрирана и на четири други локации во ова море.
Рибата потекнува од реонот на Црвено Море. Се верува дека преку Суецкиот канал има навлезено и во Медитеранот, па досега е забележана освен во хрватскиот дел од Јадранот и во водите покрај францускиот брег и во Турција, како и во Тунис и Египет.
Рибата балон важи за мошне отровна и таа не е за јадење, затоа што нејзиното месо содржи висока концентрација на невротоксини што може да го загрозат животот. Но овој вид риба може и да ги напаѓа и да ги каснува луѓето- рибари, или случајни капачи.
Експерти објаснуваат дека во такви случаи , за да се спасат животите на луѓето, морало да им бидат ампутиранни прстите на рацете или на нозете.
