Второ „преживување“ на бугарската влада
Владата на Бугарија успеа да го преживее гласањето за недоверба во Парламентот во Софија, што беше второ такво гласање во само две недели.
Предлогот за изгласување недоверба и за соборување на владата на премиерот Жељасков го има поднесено партијата Мех, на која и се приклучиле и две други националистички, десничарски и силно проруски партии кои, инаку, постојано се против проевропскиот курс на земјата.
Како изговор за покренување на ваквото барање , овој пат било посочено нејзиното неуспешно справување со корупцијата во Бугарија.
Тоа се смета само како изговор за намерата да се создада нова владина криза и да се одложи натамошната европеизација, со која оваа балканска членка на ЕУ прилично заостанува зад сите други во Унијата, примени по транзицијата во времето на посткомунизмот.
Парламентот има 240 пратеници, а предлогот на опозицијата за соборување на владата има добиено 72 гласа, додека 130 биле против нејзинот пад, откако таа некако успеа да се конституира , после долгата политичка криза и седумте предвремени избори во период од нешто повеќе од три години.
Владата што ја предводи десноцентристичката партија ГЕРБ на Бојко Борисов, во коалиција со блокот на социјалистите и популистите од партијата ИТН (Има таков народ), остро го има осудено барањето за соборување на владата, означувајчи го како постапка против интересите на државата.
Според владата станува збор за обид да се спречи планот Бугарија (конечно) да влезе во еврозоната, на почерокот од следната година, со што би се комплетирала нејзината европска интеграција. Процес кој предолго трае и кој во Бугарија се одлага со години поради долготрајната политичка нестабилност.
Софиски аналитичари потсетуваат дека (овој пат) владата се има спасено благодарејќи на подршката на партијата ПП-ДБ (Продолжуваме со промените- Демократска Бугарија) на Кирил Петков која спротивно на нејзината прозападна ориентација и несоглесувањето со ГЕРБ и партиите од владината коалиција, сепак, гласаше за останување на актуелната влада во настојувањето да се одржи и сочува нејзиниот европски курс, кога станува збор за влегувањето на Бугарија во еврозоната.
Претставик на овој партиски блок има речено дека секој обид да сс собори владата, пред прифаќањето на еврото, би значело само блокирање и запирање на нејзиниот проевропски курс.
