Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Почина папата Франциско

Почина папата Франциско

Неполни  24 часови,откако ги поздрави верниците, за да им го честита Велигден, во Ватикан, во својата папска резиденција, почина папата Франциско. Имаше 89 години и 12 години беше поглавар на Католичката црква.

Веста за смрта на папата ја соопшти Кардиналот Корил Фарел во видео порака

За папа беше избран во февруари 2013 година, окако дотогашниот папа. Бенедикт 16 објави дека се повлекува, објаснувајќи го тоа со своите години, влошеното здравје и стравувањето дека поради тоа не ќе може да одговори на барањата и потребите на црквата.

Франциско беше избран од редот на кардиналите кои имаат помалку од 80 години, на специјалната изборна процедура после седум круга гласање. Тој го наследи Германецот Бенедикт, како првиот избран  папа од Латинска Америка. Како 266  бискуп по ред кој станал римски папа во историјата на Католичката црква.

Беше роден во Аргентина во 1936 година, во семејство на имигранти со италијанско потекло, како Хорхе Марио Баргиљо. Своето техничко образование (хемиски техничар) го заменува со религијата , во 1958 година.

Тој беше првиот папа језуит и првиот кој бил избран ид некои од католичките редови после папата Гргур Третиот (734/741 година). Важеше за заштитник на сиромашните и на обесправените лица. Кардинал беше од 2001 година.

Во македонста јавност ќе остане запаметен како првот папа кој ја посетил Северна Македонија.

До изборот на нов папа со црквта ќе раководи актуелниот камеринго-тоа сега е кардинлот Фарел.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе