Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Папата погребан во црквата Света Марија Велика

Папата погребан во црквата Света Марија Велика

Папата Франциско беше погребен во римската црква Света Марија Велика, а не во Ватикан, како  неговите претходници, што беше последната желба на починатиот поглвар на Католичката црква. 

Над 400 илјади верници од Рим , од Италија и од светот беа собрани на плоштадот  Свети Петар, а потоа и  на римските улици низ кои- во  обичниот ковчег- минуваше  папското возило , за да му одадат последна почит на омилениот папа. Неговото тело беше префрлено  од Светата столица до црквата каде на приватна церемонија бил извршен погребот.

Самиот погреб, според изјава на министер во италијанската влада, што потоа го има потврдено и Ватикан , траел околу половина час.

Меѓутоа, верската церемонија на одавање почит на починтиот Франциско, на ватиканскиит плоштад траеше многу подолго , амалитичари ја означуваат како светски собир, затоа што присустввуваа делегации од 120 земји и организации, како и педестина европски и светски политички лидери. Сите од земјите на ЕУ, претседателот на САД кои беа искористени за бројни неформални средби и разговори во самата базилика Свети Петар.

Медиумите во Европа ја истакнуваат тет-а-тет средбата на Доналд Трамп и Володмир Зеленски, особено по изјавата на украинскиот претседаел дека „има ветувачки сигнали“ за поправедно завршување на војната.

Тој имаше одвоена средба и со францускиот претседател Макрон, а на маргините на погребната церемонија , за прв пат разговарале и договориле состанок и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен и Трамп.

Во меѓувреме, постпката за избор на нов папа се навестува дека би можека да почне на 5 мај.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе