Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Самоубиство на жената која го обвинуваше принцот Ендрју

Самоубиство на жената која го обвинуваше принцот Ендрју

Вирџинија Џуфре која ги обвинуваше британскиот принц Ендрју и американскиот богат инвеститор Џефри Епстајн, се самоубила на својот имот во западна Австралија. 

Таа прво го обвинуваше Епстајн дека ја користел како „сексуална робинка“ уште додека била постара  малолетничка, а потоа тврдеше дека имала секс со принцот Ендрју, брат на кралот Чарлс, додека имала 17 години . Тоа според американските закони таа возраст се третира како малолетништво.

Според нејзиното тврдење, со принцот таа се има запознаено и среќавано  во куќата на Гилен Максвел, во Лондон, во време кога оваа била партнерка на Епстајн, но и во станови во Њујорк, соственост на богатиот Американец. Максвел која е ќерка на поранешниот контроверзен британски медиумски магнат Роберт Максвел, практично, ја имала улогатаа на „мадам“ од борделите- посредувајќи и поврзувајќи ги девојките на Епстајн со богатите клиенти.

Нејзиното семејство, во посебно соопштение, има речено дека Џуфре се самоубила откако- „целиот  живот го има поминато како жртва на сексуално злоставување и со трговијата со луѓе, за сексуално искористување“.

Во 2о19 година , Епстајн се самоуби во својата затворска келија во Њујорк , додека го очекуваше судењето за сексуално злоставување. Гилијан Максвел , пак, беше уапсена и осудена на 20 години затвор.

Британскиот принц во повеќе прилики,  ги отфрлаше обвинувањата дека има извршено сексуално насилство. Против него никогаш не беше покренато формално, кривично обвинување, но се верува дека  избегна соочување со правдата после постигнување приватна спогодба со Џуфре, од повеќе милиони долари и со префрање пари на сметките на хуманитарни организации кои им помагаат на жртвите од сексуално искористување.

Уште додека кралицата Елизабета беше на тронот, Ендрју, нејзиниот втор син, беше тргнат од сите кралски почести и задолженија. Таа одлука ја потврди и братот- актуелниот британски крал.

Вирџинина Џуфре почина како мајка на три деца.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе