Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Литванија ќе ја блокира Србија

Golden Brown/BigStock.com

Литванија ќе ја блокира Србија

Литванија најави дека ќе ја блокира Србија на нејзиниот европски пат за членство ЕУ, на тој начин што  ќе стави вето за отворање на поглавјето 31 од пристапните преговори. Станува збор за поглавје кое се однесува на надворешната политика, за кое владата во Вилнус тврди дека не може да се покрене поради „преголемата блискост„ на Србија со Русија.

Оваа балтичка земја, заедно со Естонија, Летонија и Полска се најостри критичари на политиката на Москва кон нејзините соседи и кон самата ЕУ , па тие остро се спротивставуваат  да се ублажат, или да се укинат меѓународните санкции за Русија, воведен поради анексијата на Крим, во март 2016 година и руската отворена помош за бунтовничките сили во Источна Украина.

Мапа на Литванија

Мапа на Литванија. Фото JMRainbow/BigStock.com

Владата во Белград, пак, повеќепати досега има изјавено дека нема намера да воведува санкции кон Русија, иако не ја признава ниту анексијата на Крим, ниту самопроглаасените „држави„ Луганск и Донецк, во источниот дел од Украина. Литванија, сепак, инсистира дека нема да дозволи отворање на поглавјето 31 со Србија, затоа што смета дека Белград делува спротивно на заедничката европската надворешна политика,  одржувајќи и премногу блиски односи со Москва.

Европски аналитичари  проценуваат  дека „големите„ во ЕУ се согласиле да не се дозволи покренување на ова поглавје , се додека Србија не ги среди односите со Косово. Брисел не бара од Србија формално признавање на Косово, но бара постигнување на правно обврзувачки договор со Приштина за границите, што Белград сега го искористи за заговарање решение кое би се засновувало на размена на територии меѓу двете страни.

Во српската и косовската јавност, досега, се појавија неколку варијанти за тоа кој што би требало да даде и да добие за возврат, со прекројувањето на границите, пред да се постигне договор за граничната линија меѓу Косово и Србија. Според, последната варијанта, откриена од приштинскиот весник „Зери„ кој се повикува на еден проект на група српски научници од Белград-  Србија би требало да добие за себе четри општини кои сега се во северниот дел од  косовската територија- Лепосавиќ, Звечан, Зубин Поток и северна Митровица, додека на Косово би му припаднал градот Прешево, на крајниот југозапад од Република Србија, блиску до границата со Македонија.

Парискиот весник „Монд„ ваквиот план го оквалификува како „експлозивен„ и за него ја обвини Москва. Весникот тврди дека овој план што, изгледа,  му се допаѓа и на косовскиот претседател Хашим Тачи, има за цел Русија  дополнително да ги подели земјите внатре во ЕУ, но во исто време да си помогне и себе си. Преседанот што би се направил на Балканот, со размена на територии, подоцна би можел да се искористи и во случајот на Украина, или на Грузија.

(К.П.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе