Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Хрватска: 25 отсто од луѓето одбиваат вакцинација

[email protected]/Depositphotos.com

Хрватска: 25 отсто од луѓето одбиваат вакцинација

Директорот на Заводот за јавно здравје во Хрватска Крунослав Цапак изјави дека властите во државата имаат сериозни проблеми со вакцинацијата – не само поради задоцнувањето на квотите што беа предвидени, според претходно направената шема на ЕУ, туку и поради отпорот кај населението да се вакцинира со било која вакцина.

Според анкетата што ја има направено овој Завод, 25 отсто од хрватското население одбива да прими вакцини и да се вакцинира. Оваа категорија луѓе се противи на било која вакцинација, не само против сегашната, против коронавирусот.

Слаб одзив

Истата анкета покажала дека други 15 отсто изјавиле дека продолжуваат „да размислуваат“ дали воопшто да се вакцинираат. Тоа покажа дека дури 40 отсто од луѓето се противат и не сакаат да се вакцинираат, што го објаснува досегашниот слаб одзив во Република Хрватска на вакцинирањето против короната.

Во интервју за загребската Н-1 телевизија, Цапак рекол дека во понеделникот за вакцинација се јавиле помалку од една третина од луѓето на кои им било закажано да се јават во центрите каде се врши вакцинирањето.

Луѓето, едноставно, не доаѓаат да примат вакцина и покрај силната и добро организирана кампања на тамошните здравствени власти,

Сето тоа е обратно од приказните во некои медиуми дека во Хрватска нема доволно вакцини, па тамошните луѓе затоа морале да заминат во Србија на вакцинација (во Белград) каде бил да прими вакцина и познатиот актер Раде Шербеџија кој инаку е населен и живее во Истра.

Одење во странство – за вакцина

Загребските медиуми оваа појава – да се оди во странство за вакцинирање, во екот на силна пандемија и во Хрватска и во Србија, посебно во Белград – ја нарекоа „ковид туризам“ која викендот пред десетина денови го изрекламира во Европа српскиот главен град (и земјата) дека повикуваат странци за вакцинирање.

Србија продолжува да се полни со кинески вакцини со која (најпосле) се вакцинира и српскиот претседател, а во исто време да пласира во домашната и во европската јавност податоци за „масовност во процесот на вакцинирањето“.

Домашните епидемиолози, меѓутоа, велат дека – напротив – земјата има многу повеќе вакцини од нејзините вистински потреби, а сето тоа се случува во услови кога домашното население (како и она во Хрватска) покажува отпор кон вакцинацијата.

Делување на антиваксерите

Таа се одвива добро во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, но дека во другите делови од внатрешноста, процентот на вакцинираните не е повисок од шест до осум отсто од населението.

Како главна причина за тоа се посочува делувањето на силното антиваксерско движење во Србија, посебно во поголемите градови и недовербата што тие ја шират дека многу познати јавни личности од српската култура и музика, починаа во изминатите три месеци годинава од короната, иако сите биле вакцинирани.

Во Хрватска велат дека и тие имаат проблем со антиваксерите, како и со некои религиозни предрасуди и со „разорните“ прилози на интернет и покрај апелите на католичката црква – луѓето да се вакцинираат.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе