Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Марк Цукерберг изгуби седум милијарди долари

Anthony Quintano from Honolulu, HI, United States, Mark Zuckerberg F8 2018 Keynote (41118893354), CC BY 2.0

Марк Цукерберг изгуби седум милијарди долари

Глобалната хаварија со која беше погодена популарната социјална мрежа Фејсбук и која траеше неколку часови, има предизвикано голема материјална штета за нејзиниот сопственик Марк Цукерберг, еден од најбогатите луѓе во светот.

Според агенцијата Блумберг, на која се повикуваат повеќе европски медиуми, богатството на Цукербег е намалено за цели седум милијарди долари.

Агенцијата тврди дека само во текот на денот (4 октомври) вредноста на акциите на Фејсбук се намалени за 5 отсто, додека од средината на септември падот на акциите се проценува на 13 отсто.

Пет часовна хаварија

Хаваријата се случи во 13 часот по Источно – американско време (19 часот по средноевропско) и траеше пет часови, се до после полноќ, сметајќи го времето на континентот, што се означува како средноевропско. Компанијата изрази жалење за целиот случај кој има предизвикано прекин на целата комуникација која, по разни основи и за разни потреби, тече преку оваа социјална мрежа, како и преку Инстаграм и ВотсАп, што исто така беа во прекин.

Првите информации од техничкиот дел на Фејсбук велат дека хаваријата била предизвикана од сериозен дефект на опремата и во уредите што се користат, но во бизнис светот повеќе се анализира кризата што ја има зафатено компанијата.

Од средината на минатиот месец, Фејсбук и нејзиниот сопственик имаат загубено 13 милијарди, па компанијата која тогаш се проценуваше дека вреди 140 милијарди долари, сега таа вредност изнесува малку над 120 милијарди. Тоа предизвика Цукерберг на листата на најголемите богаташи во светот, да падне на петтото место, зад Бил Гејтс.

Откритијата на Френсис Хоган

Ваквите финансиски состојби доаѓаат набргу откако познатата американска инфлуентка Френсис Хоган, откри во едно интервју дека оваа социјална мрежа од почетокот им дава предност на профитот и на заработувачката, над јавниот интерес и јавното добро. Ова свое тврдење таа го има поткрепено со направениот извештај на неколку илјади страници и со бројните документи што ги поседува.

Хоган (37) е поранешен менаџер за производство во Фејсбук. Нејзината работа била врзана за работи кои се однесуваат на интегритетот на компанијата.

Таа обвинува дека Фејсбук целиот бил насочен на тоа неговите платформи да се користат за ширење омраза и насилство, но и за ширење на дезинформации. На сето ова, ниту компанијата, а ниту Марк Цукерберг не реагирале на потребниот начин. „Напротив, се што правеа беше да ги прикриваат доказите“ – тврди Френсис Хоган.

Така, или не, берзански експерти сметаат дека нејзините сериозни обвинувања, ја имаат растресено компанијата на берзите, што беше надополнето со техничката хаварија и со долгиот прекин и неработењето.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе