Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Нападот врз домот на Пелоси – политички мотивиран

Нападот врз домот на Пелоси – политички мотивиран

Нападот врз семејната куќа  на Ненси Пелоси, спикерот на Претставничкиот дом на Конгресот на САД,  во Сан Франциско, во кој тешко е повреден нејзиниот сопруг Пол, не е разбојништво, туку е планиран и намерно изведен напад кој е политички мотивиран, тврдат американските медиуми.

Во оваа верзија за сериозниот инцидент веруваат и американските демократи, чиј истанат лидер е Пелоси, но и целата демократска јавност во Америка  која е шокирана од она што се има случено. Откако се обелоденија првите детали за нападот,  станува јасно дека цел на нападот не бил сопругот, туку Ненси Пелоси.

Приврзеник на теории за заговор

Сопругот Пол Пелоси (82) е тешко повреден по главата и по телото, од удари со чекан. Има повреди на черепот и врз него е извршена хирушка интервенција , но лекарите велат дека се наоѓа во стабилна состојба и веруваат дека ќе може целосно да се опорави.

Во моментот на нападот, сопругата не била во куќата, туку службено отсутна, се наоѓала на другиот крај од САД.

Американската полиција го уапси напаѓачот, извесен Дејвид Депеип (42) , Канаѓанец по потекло кој повеќе од 20 години живее во Калифорнија кој веќе е обвинет за обид за убиство. Неговите роднини им изјавиле на полицијата дека во изминатите години целосно се има одродено од своите блиски и дека немале со него никаков контакт.

Особено откако Депеип станал  силен приврзеник на разните теории за заговори , што ги има раширувано преку својот профил на Фејсбук.

Десничар и приврзеник на Трамп

На профилот што сега е избришен, имало бројни линкови со кои се вразувал, подржувајќи ги  измислените и лажни обвинувања од Доналд Трамп и приврзениците на претходнит американски претседател дека изборите во 2020 година биле „наместени и фалсификувани“.

Како голем приврзеник на американската ултра-десница , на Фејсбук и на Јутјуб грубо се пресметувал со Демократската партија на САД и со демократите, тврдејќи дека е „политичка фарса“ истрагата на конгресната комисија за насилниот бунт на крајната десница и на разните расистички организации кои на 6 јануари минатата година , упаднаа во зградата на Конгресот на Капитол Хил во Вашингтон.

Претходно повикани од Трамп да протестираат пред зградата на Конгресот и да не дозволат да се изврши транзиција на власта, односно пренос на претседателската функција од Трамп на новозибраниот шеф на државата Џо Бајден, предводниците на организираниот бунт трагаа по Спикерот Ненси Пелоси, да се пресметаат со неа.

Таа и тогаш , но и сега се обвинува дека ја има водено „кампањата против Трамп“ поради што тој се соочи со импичмент од кој го спасија неговите републикански сенатори.

„Вакцините се смртоносни“

Истрагата веќе има откриено дека Канаѓанецот Депеип , како и мнозинството десничари, бил остар антиваксер.

На Фејсбук тврдел дека коронавирусот е „само еден обичен заговор“ на власта , како и дека вакцините против овој вирус се „смртоносни“ , целосно притоа неверувајќи во официјалните бројки за бројот на заразените и починатите.

Според него, богатата, „глобална елита“ го користи Ковид-19 за да се создаде нов светски поредок во кој припадниците на таа елита би биле уште помоќни.

Сепак, никаде во сите тие пишувања на социјалните мрежи , не се појавува името на политичарката Пелоси.

Полицијата, меѓутоа,  е убедена дека токму таа била цел на нападот, затоа што веднаш по упадот во семејната куќа на брачната двојка Пелоси, напаѓачот го извикувал нејзиното име и барал да ја најде. Во тој момент, налетал на сопругот.

Досетливоста на Пол Пелоси

Иако во поодминатите години, тој  се фатил во костец со двојно помладиот Депеип , борејќи се со него, за да му го земе од раката чеканот. Не успеал во тоа , па напаѓачот почнал да го удира по главата и по телото соборениот Пол Пелоси.

Во тој момент уападнала полицијата која го совладала разулавениот Канаѓанец, веројатно спасувајќи му го животот на нападнатиот.

Весникот „Лос Анџелес Тајмс“ открива дека заслуга за брзата интервенција на полицијата има токму Пол Пелоси. Кога видел дека има напаѓач во куќата тој успеал некако , од својот мобилен телефон да испрати повик до итната служба за помош , а преку неа до полицијата, оставајќи го притоа отворен телефонот.

На тој начин полицијата слушала што се случува во домот на семејството Пелоси, следејќи го и разговорот на нападнатиот со напаѓачот, па така можела брзо да  интервенира.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе