Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Западот не сака хаос во нуклеарна земја“

„Западот не сака хаос во нуклеарна земја“

Поранешниот амбасадор на Британија во ОН, Марк Лајал изјави дека хаотичната  политичка ситуација и безвластието во земја, каква што е Русија, може да донесе тешки последици не само за оваа држава, туку и за Европа и светот.

Реагирајќи на руската криза од изминатиот викенд, со бунтот на паравоените единици и приватната војска Вагнер, на Евгениј Пригожин и нивното освојување на Ростов на Дон и на Ворњеж, како и маршот кон Москва, британскиот дипломат за лондонскиот Скај Њуз има речено дека „случувањата во Русија, без разлика на  уверувањата за смирување на ситуацијата- предизвикала загриженост на Западот.

Нуклеарното оружје без контрола ?

За овие настани американскиот претседател Џо Бајден, телефонски има разговарано со политичките лидери во Париз, Берлин и Лондон. Во овие разговори станалао збор за загриженоста од можноста Русија да биде зафатена со поголема внатрешна нестабилност која би можела да прерасне во граѓанска војна, а притоа, нејзиното нуклеарно оружје да се најде без контрола.

„Она што Западот не го сака е целосниот крах на оваа земја и создавањето хаотична ситуација, затоа што на тој начин би се создала голема закана за светот  со опасни последици. Не треба никако да се заборави дека Русија и натаму е државата со најмногу нуклеарно оружје “- има речено Лајал.

Британецот смета дека е „крајно загрижувачко“ тоа што Владимир Путин нема од порано интервенирано во врска со растежот на Вагнер ( до 25 илјади платеници под оружје), а особено што нема реагирано на сите бунтовни и заканувачки изјави од страна на Пригожин- јавно дисквалификувајќи ја армијата- како и на сите негови претходни акции.

Путин со намален кредибилитет

Според Лајал кризната ситуација ( и покрај уверувањата од Кремљ) се уште не е надмината и дека работите што го предизвикаа бунтот за кој руските власти и самите тврдат дека бил „обид за државен удар“ , се уште не се завршени.

Овој поранешен амбасадор смета дека не може да поверува дека Пригожин после се што има речено, после заканите и покренатиот бунт на вагнеровци, со поход кон Москва, сега ќе седи мирно, како обичен пензионер во Минск, во Белорусија, или можеби на некоја друга локација.

Од друга страна, Лајал инсистира на новата позиција во која наеднаш се најде рускиот претеседател. Без разлика на тоа како ќе се квалификуваат настаните, факт е дека Путин поске бунтот на Пригожин и внатрешните судири кои очигледно е дека постојат, е со драстично намален кредибилитет и авторитет во домашната, но и во меѓународната јавност.

Една голема и моќна Русија дозволи да и се случи бунт на паравоената единица која Москва  досега ја користеше за „валкани работи“ и таа, без никаков отпор, да се најде на 200 км од главниот руски град, во настојувањето да влезе во него.

Изјавата на Лавров

Тоа може да  зборува за системски слабости во руската одбрана, но и за тоа  дека Пригожин и Вагнер, веројатно,  не се сами во целата оваа криза. Тоа, пак,  навестува дека разврската може дополнително да уследи.

Како и да е, изјавата на Британецот Марк Лајал доаѓа како реакција на изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров , за тоа дека „се испитува дали  Западот бил замешан“ во кризата. Без разлика што и тој потврдува дека во тие кризни 24 часови, руските дипломати биле во комуникација со Американците и дека од нив имаат добиено уверување  дека  Западот  на никаков начин  не е замешан.

Во своето ново обраќање, меѓутоа, во кое зборува за „ казнување на виновницте за настанатата внатрешна криза“ , а вагнеровци ги нарекува патриоти, Путин зборува  и за  некаква „вина“ на Западот. Вината била во тоа што  „Западот  сакал Русите меѓу себе да се испотепаат“ .

Тоа значи, или  дека не му верува на својот лојален министер Лавров, или дека руската пропагандна машинерија оценила дека  домашната јавност треба и натаму да се уверува  оти Западот е секогаш  виновен.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе