Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Борис Џонсон станува ТВ новинар

Борис Џонсон станува ТВ новинар

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон станува телевизиски новинар во десничарскиот ТВ канал – GB News.

Станува збор за нова британска телевизиска станица, која емитува програма од 2021 година и веќе е позната по низа контроверзи , поради што е на работ да биде санкционирана од британската регулаторна комисија која ја недгледува работата на домашните електронски медиуми.

Во соопштението на каналот се изразува „ гордоста што еден отфрлен и неприфатен политичар“ станува дел од „семејството“. Според директорот и главен уредник,  Џонсон  е „еден од највијателните британски премиери со генерации на ред“ за кого вели и дека во исто време  е „извонредно талентиран новинар“.

Десничарски ТВ канал

На новата работа Џонсон треба да се  вклучи во почетокот на идната година, која во редакцијата на ТВ каналот се означува како ( политички) мошне важна поради британските и американските избори за кои се очекува тој да има „клучна улога во покривањето на овие настани“.

Борис Џонсон (59) беше приморан да се повлече од функцијата, а потоа и да даде оставка на лидерската функција во Конзервативната партија, во јуни минатата година, после цела серија скандали, вклучувајќи ги и тајните журки во Даунинг стрит 10, во времето кога  поради корона пандемијата , секакви собирања, а посебно забави беа забранети од британската влада.

Стапувајќи на работа во „GB News“, тој им се приклучува на неколкумина познати конзервативци, од десничарското крило на партијата, англиски националисти и силни брегзитери. Во ТВ каналот се и еден Најџел Фараж, предводник на кампањата за напуштање на ЕУ, а сега остар критичар на Брегзит, за што вели дека има доживеано фијаско, како и лојалниот на Џонсон ториевец-десничар Џејкоб Рис-Мог.

Аферата „Партигејт“

На овој телевизиски канал сите тие ги изнесуваат своите, често крајно контроверзни ставови и позиции,  покривајќи го тоа со „слободата на изразувањето“. Џонсон е предвидено да продуцира докумантарни програми, но повремено ќе се јавува и во програмата со свои настапи, во кои се очекува да ја истакнува моќта на Британија нз светот.

Тој самиот има речено дека ТВ каналот е „бунтовничка телевизија“ која има своја верна публика , па затоа  е задоволен што ќе има можност да ги изнесува своите погледи за глобалните настани во политиката.

Кога во јуни  , парламентарната истрага во Вестминстер заклучи дека Џонсон , како премиер, го измамил Парламентот во врска со аферата „Партигејт“ тој гневен го напушти своето место, тврдејќи дека е наклеветен и порачувајќи  дека има намера да се врати- во политиката.

Но после тоа,  му се врати на новинарството, како колумнист во проториевскиот лондонски таблоид „Дејли Меил“ – велат за висок хонорар  со шест цифри – и почна  да дежи  скапи, добро платени предавања и јавни настапи.

Истеран од „Тајмс“

Пред да влезе во политиката. Борис Џонсон кој инаку средно училиште има завршено во Брисел, каде татко му работел како висок функционер на тогашна ЕЕЗ ( сега ЕУ) почнал  да работи како новинар.

Прво во „Тајмс“ од каде бил истераан, затоа што било утвредно дека ги има преправано изјавите на соговорниците на весникот. Потоа се префрлил во проториевскиот „Дејли Телеграф“ кој го има испратено за дописник во Брисел.

Велат дека се познати  неговите критики за сметка на европската администрација , во која бил и неговиот татко, а потоа бил главен уредник на партиското гласило на конзервативците „Спектејтор“.

Во политиката е запаметен како министер во неколку влади на конзервативците, а Британците најмногу го паметат како градоначалник на Лондон. Беше кусо време шеф на Форин Офисот, а потоа изврши партиски пуч против сопартијаката Тереза Меј, за да стане партиски лидер и премиер.

(Д.Л.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе