Лондон : Врховниот суд против „Планот Руанда“
Контроверзниот план на британските конзервативци- мигрантите кои илегално се влезени во Велика Британија (главно преку каналот Ламанш), да се дислоцираат во далечната Руанда и таму да чекаат разврска за нивната апликација за азил- продолжува да ја бранува домашната, но и европската јавност, откако британскиот Врховен суд ја отфрли жалбата на владата во Лондон.
Според едногласната пресуда на највисокиот британски суд, билатералниот договор меѓу Британија и Руанда е – незаконски.
Судот има оценето дека оваа источноафриканска земја не може да се смета за безбедна за ваков вид договори и операции, затоа што барателите на азил се соочуваат со правен ризик – да бидат лошо третирани од тамошните власти и дури лесно да бидат вратени во своите матични земји од каде што побегнале.
Правосудни игри
Ваквата пресуда е последица на првичната судска одлука од декември минатата година, кога еден лондонски суд побрза да и даде „зелено светло“ на владата за дововорот за протерување на мигранти во Африка, прогласувајќи го за правно валиден и во духот на законите и меѓународните конвенции.
Пред да полета првиот авион со илегални мигранти од Британија за Руанда, во јуни минатата година, уследи жалба на таа судска одлука .Се жалеа адвокати на организации за заштита на мигранти, во случајов дојдени од земји какви што се Сирија и Виетнам и Иран.
Апелациониот суд, по долго анализирање ја прифати жалбата. Изгледаше дека „Планот Руанда“ оди во историјата уште пред да заживее, но сега жалба поднесе владата, продолжувајќи да брани нешто, што изгледа, не се брани. Сега за случајот расправаше највисокиот суд во земјата, а неговата пресуда не е само отфрлање на жалбата, туку претставува и своевидна мала лекција за владините правни експерти и за оние во британскот Хоум Офис.
Отежната позицијата на владата
Експерти во Лондон сметаат дека тоа сега ја отежнува позицијата на министерството за внатрешни работи, како и на новопоставениот министер (Џејмс Клеврли), но о на самиот премиер Риши Сунак.
Судот, едноставно, ја дисквалификува Руанда како можна локација , каде префрлените илегални мигранти, од британска терититорија во Руанда ќе чекаат да разберат како же се процесуираат нивните барања за политички азил- ако воопшто барањата им бидат земени на разгледување.
Така може да се случи, доколку барањето не се прифати протераните трајно да останат во Руанда. Остана нејасно како првостепениот суд најде дека нена ништо незаконсми во договопрот со Руанда, но изгледа дека одлуката на судот била донесен по одреден политички притисок и брегзитерското инсистирање дека „Слободна Британија“ по Брегзит, нема да се повинува на одлуки на европските ( на ЕУ) судови.
Арогантната Брејверман
Тоа е време кога за „Планот Руанда“ се зинтересираа Европскиот суд за човекови права, објаснувајќи дека депортацијата на илегални мигранти дури во Руанда, е спротивно на конвенцијата за човекови права. чиј потписник е и Велика Британија.
Контроверзниот план е од времето на Борис Џонсон и неговата министерка за внатршни работи Прити Пател, која потекнува од пакистански родители , бегалци од Пакистан. Нејзината наследничка Суела Брејверман ( иаа си мигрантски корени) како што е впрочем и Риши Сунак, уште повеќе ја засили кампањата за планот за насилно проерување на илеглните мигранти.
Игнорирајќи ги сите критики и забелешки – дека се повредуваат и човековите и мигрантските права- а уште повеќе дека со забелешките дека Руанда не е земја на која може да и се верува дека ќе ги почитува правата на луѓето кои Британците ги протерале , а властите во оваа африканска земја ќе им ги заштитуваат.
Уште повеќе што Брејверман , ароганто, порача дека Британија мора да истрае на овој план , дури и по цена да излезе од конвнцијата за човекови права.
Контроверзен договор
Третиот по ред шеф на Хоум Офисот (Клеверли) кој за неполни 18 месеци треба да се занимава со „Планот Руанда“ е против напуштање на Европската конвенција. Но премиерот Сунак кој најави нова правна битка за планот, навестуувајќи дека ќе се направат измени, за да може да биде прифатен од британските судови, порача дека нема да се прифаќаат „ совети на странски судови“ .
Во исто време, тој јавно не се спротивставува на Брејвермен за излегувањето од Европската конвенција, иако таа минатата недела беше сменета од функцијата, поради цела низа контроверзни изјави и коментари.
Британија и Руанда во април 2022 година го потпишаа договорот за планот за протерување мигранти во оваа земја. Владата тврди декасо него ќе се одвратат многу луѓе да се решат на опассн пат преку Ламанш, за да влезат илегално во Британија. Но, и дека ќе се блокира делувањето на разните шверцерски банди на луѓе кои се намножени во Британија. Опозициските лабуристи, како и разните хуманитарни организации , пак, сметаат дека планот е крајно неморален и тешко изводлив.
Како и да е, целата оваа приказна околу „патувањето до Руанда“ е последица на состојбите во редовите на британските ториевци, загубената позиција кај гласачите и продноста што ја имаат лабуристите.
Потврда за неуспехот на Брегзит
Главната причина за измислувањето еден ваков план се Брегзит, лажните ветувања дека по излегувањето од ЕУ, Британија ќе ја преземе контролата врз свите гранци и ќе ја намали миграцијата.
Ништо од тоа не се случи, Брегзит прерасна во политичко фијаско кое сега го осудуваат како штетно дури и ториевските гласачи. После Брегзит, Британија има повеќе мигранти и над се илегалци кои преку Ламанш (најчесто) влегуваат во земјата, а нејзината мигрантска политика не дава резултат.
Најштетно за земјата, сепак, може да биде напуштањето на Европската конвенција за човекови права која би претставувала само знак за немоќ на миграциската политика на пост-брегзит владите, како што е и самиот „План Руанда“. Бидејќи, за следните избори, планот им треба на ториевците како прикажување на успехот на Брегзит.
Инаку, Британија е еден од инцијаторите на Европската конвенција , донесен по завршувањето на Втората светска војна. Британски правни експерти имаат и најмногу партиципирано во нејзините одрдеби. Досега само Грција, во време на воената хунта (1967/1974) ја има напуштено конвенцијата за човекови права.
(Д.Л.)