Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Адидас“ и „Најк“ (привремено) затвораат во Кина

jointstar/Bigstock.com

„Адидас“ и „Најк“ (привремено) затвораат во Кина

Германскиот гигант за спортска опрема „ Адидас“ објави дека (привремено) затвора голем број продавници на територијата на Кина. Ваквото неочекувано решение се оправдува со епидемијата на новиот вирус кој тешко ја има погодено компанијата, поради драстично намалената продажба и прометот.

Коронавирусот предизвикува паника кај луѓето, кој и со заштитни маски се плашат да излегуваат надвор од своите домови. Мерките на властите, со воведување карантин во цели градови и области, за да се запре ширењето на болеста, ги испразнија улиците, што ја уништува трговијата. Никој не влегува во продавниците да пазари, па нивниот промет некаде е рамен на нула.

Според „ Адидас“ продавниците во Шангај би можеле да бидат отворени од почетокот на идната недела, но таквиот податок, сепак, не може да се потврди затоа што не се знае каква ќе биде состојбата со заразата и какви ќе бидат епидемиолошките мерки.

Оваа германска компанија има 500 продавници во Кина и уште сопствена мрежа од околу 11.500 франшизи. Вирусот тешко го има погодено бизнисот , кој до крајот на 2019 година беше во силен подем.

Со слична реакција како Баварците, се огласи и американскиот „Најк“ .

Во нивното соопштено се вели дека се очекува коронавирусот да има големо негативно влијание врз  бизнисот, а  посебно, во секторот на продажбата. “Барем на кус рок, ќе има пад на продажбата и на прометот“- се вели во соопштението на оваа компанија.

„Најк“ исто така решението , барем за определен период, го гледаат во затварање на нивните продавници на кинеска територија.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе