Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Дрога во гумени бонбони во Хрватска

Дрога во гумени бонбони во Хрватска

Две жени во Хрватска завршиле во болница, во лоша психофизичка  состојба, откако  изеле неколку  гумени бонбони , што биле оставени на масата во куќа која се издавала за туристи, а во  која тие биле испратени да ја исчистат. Двете жени не знаеле дека во бонбоните имало – дрога.

Загребските медииуми јавуваат дека инцидентот се случил во Конавле, во околината на Дубровник, кога двете чистачки требало да ја средат вилата во која престојувале странци. Многу брзо почнало да им се врти во главата, а потоа и да ми се лоши, па побарале медицинска помош.

Кога интервенцијата на самото место не помогнала, жените биле итно префрлени во дубровничката болница.

Халуцинации и проблеми со дишењето

Дрогата може да предизвика цела низа состојби , посебно за некој кој никогаш пред тоа нема користено никаква дрога- од халуцинација и забрзано потење на телото, до силно лупање на срцето, мачнина и тешкотии при дишењето- објаснуваат локални здравствени експерти за дроги кои за медиумите го коментирале случајот  на двете жени.

Реагирала и полицијата која покренала истрага, а бонбоните кои биле најдени во вилата биле испратени на анализа.Било утврдено дека во нив има извесна доза ТХЦ .

Најдени се сопствениците на гумените бомбони кои се уште биле на одмор во Хрватска. Станува збор за две Канаѓанки кои бонбоните ги користеле „за релаксација“. Полицијата и на двете  им ги има одземено пасоши, затоа што во вилата,  каде се одмарале,  биле најдени уште бонбони со дрога.

Претставник на хрватската полиција изјавил биле откриени две помали кеси  во кои имало околу 500 грама „дрогирани“ бонбони. Сепак, Канаѓанките не биле уапсени, затоа што  бонбоните не ги нуделе за продавање. Најверојатно е дека против нив ќе биде покрената само прекршочна постапка.

Ваквите производи некаде се легални

Според медиумите во Загреб, во некои земји ваквите производи се легални , па затое не е реткост, луѓето да ги понесат со себе кога одат на одмор, некаде во странство.

Ова не е прв пат, домашните лекари и полицијата о Хрватска  да имаат вакви случаи .

Се споменува  дека ова лето имало такви примери кои и се познати на јавноста- еден во Дубровник, кога човек случајно има изедено чоколадце во кое имало дрога и бил пренесен во болница, а другиот на Корчула , со гостин кој бил на крстосување по Јадранот кој исто така барал лекарска помош..

Се стравува дека вакви бонбони, или чоколадца, некогаш,  може  да ги  најдат и деца, а  кај нив  последиците може да бидат многу посериозни.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе