Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Мечка нападнала погребна поворка

Мечка нападнала погребна поворка

Една мечка за која се верува дека тргнала во потрага по храна , нападнала погребна поворка која била тргната кон гробиштата за да го погребаат покојникот, предизвикувајќи голема паника.

Кога големата мечка се испречила на среде патот, лугето  со врисоци се разбегале на сите страни, оставајќи го сандакот со мртовецот. Но, веројатно , од неочекуваната средба, се исплшила и мечката.

Веројатно, од  толпата луѓе со кои се соочила, како и од викотницата што била создадена, па според сведоци на настанот, мечката  прво застанала, а потоа забрзано се вратила во блиската шума.

Инцидент без повредени

Инцидентот се случил во Романија, во малото место Бордиси, во планинската област Муреш.

Според романските медиуми кои му даваат голем публицитет на случајот,  овој необичен инцидент завршил без повредени и без интервенција на шумската служба. После извесно време, стотината насобрени дојдени да му одадат последна почит на покјникот, се вратиле и погребот се завршил како што било предвидено.

„Ако бевме помалку собрани, мечката ќе не нападнеше- тоа е сигурно. Вака, и дивото животно се исплаши и  избега , вртејќи се кон нас дојдени на погребот. Додека бегаше, мечката на неколку пати се  вртеше кон испаничените луѓе  и во еден момент и тргна кон нас. Но, одново застана, поради врисоците, па вознемирена и се откажа од тоа да не нападне“- има изјавено еден од присутните на погребот.

Враќање на мечките во Европа

Подоцна специјална екипа и локалните ловџии го провериле целиот терен, не откривајќи траги од дивото животно, за кое се верува побегнало подлабоко во шумата.

Локалното население, меѓутоа, и натаму се плаши од блиската средба со големото диво животно, па сега луѓето се плашат  да ги посетуваат гробовите на починатите, затоа што гробиштата во местото, од сите страни, се опкружени со шума.

Последниве неколку години меќките, за кои се мислеше дека полека исчезнуваат во Европа, се имаат намножено , посебно на југот од Европа и на Балканот, па се регистрирани низа вакви блиски средби , меѓу опасните диви животни и луѓето. Во Италија, во два инциденти настрадаа две лица.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе