Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Цело село во Шпанија се продава за 260 илјади евра

Цело село во Шпанија се продава за 260 илјади евра

Цело едно село, со сите објекти што се неговата територија, се продава во Шпанија, по цена од само 260 илјади евра. Селото Салто де Кастро се наоѓа на границата со Португалија, во шпанската област Замора.

Од главниот град Мадрид, селото е одалечено три часа возење со автомобил и во него има се она што обично се среќава  и во секое помало гратче во Шпанија.

Вкупно 44 куќи, еден хотел, црква, училишна зграда, општински базен за капење, па дури и една помала касарна , што на времето се користела од локалната цивилна гарда, се објектите што  се влезени во понудената цена која е огласена за продавање на Салто де Кастро.

Единствено што ова село го нема, а другите вакви места го имаат- тоа се луѓето. Во него никој  не живее , откако пред повеќе од 30 години се имаат иселено и последните негови жители. Селото, меѓутоа, има сопственик.

Засега над 300 заинтересирани

Човекот го купил Салто де Кастро во првата половина од двеилјадитите години, со намера од него да направи туристички локалитет во кој би доаѓале и Шпанци и соседните Португалци, како и гости од други земји. Но, кризата во еврозоната, што започна на крајот од 2008 година, ја погоди и Шпанија и тоа токму во градежниот секор и кај иинвестициите во градењето станови и куќи за  пазар, па планот на сопственикот на селото- пропаднал.

Тој самиот има изјавено за медиумите дека се одлучил за продавање, затоа што е „градски човек“ во подминати години кој сега нема намера да живее во селото како негов чувар и заштитник.

Откако се има појавено огласот дека се продава и тоа по ваква цена, дури 50 илјади лица се имаат јавено и го имаат посетено селото, за само десетина денови. Велат дека Салто де Кастро од пустелија, наеднаш се има претворено во интересна локација.

Весниците пишуваат дека над 300 лица се заинтересирале за купување и веќе имаат разговарано со агенцијата која го продава, додека еден од нив има дадено определен износ пари, како гаранција за својата заинетересираност да купи цело едно село.

Цена колку за еднособен стан

Меѓу заинтересираните има Руси и Британци, но и Французи и Белгијанци

Селото, инаку, е изградено од една енергетска компанија , во почетокот на педесетите години од 20 век, за потребите на работниците и за персоналот на компанијата. Но, луѓето полека почнале да заминуваат од Салто де Кастро , па од крајот на осумдесетите години, селото останало празно.

Овас не е прв пат да се понуди за продавање.

Претходно, сопственикот на селото барал 6,5 милиони евра, сума која никој не сакал да ја плати, па затоа и првиот оглас за продавање целосно не успеал. Сегашната цена , меѓутоа, за европски и за шпански прилики е речиси смешна . Таа е еднаква на цената за која во Мадрид, или во Барселона може да се купи -едвај- еден еднособен стан.

Сепак, експери за недвижен имот, како и градежници велат дека оној што ќе се одлучи да го купи Салто де Кастро ќе треба добро да го одреше кесето. Се смета дека најмалку два милиони евра се потребни за неговата ревитализација, за да може потоа да се продава- објект, по објект. Ако за тоа и натаму има заинтересирани.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе