Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Социјалните мрежи ги затапуваат луѓето

Социјалните мрежи ги затапуваат луѓето

Социјалните мрежи предизвикуваат луѓето да почнуваат да забораваат , па многумина , по посетата и разгледување на некоја од социјалните мрежи , набргу и не се сеќаваат што прочитале, па дури ни што работеле.

Станува збор за чувство кое потоа се шири и на животот надвор од интернетот. Луѓето почнуват да забораваат банални работи, како на пример, што пред тоа прочитале, или дали ја заклучиле вратата од станот, што според научниците претставува знак дека користењето на социјалните мрежи – во помал, или во поголем обем- ги отапува луѓето.

Мнозинството не се сеќава што читале

Научниците од универзитетот во Вашингтон направиле истражувањесо цел да се утврди колку често корисниците на социјалните мрежи се исклучуваат додека сурфаат по нив, откако смислиле посебна апликација која ја следи активноста на секој од учесниците во експериментот.

Бил користен „Твитер“ , во текот од еден месец, при што, во неправилно поставени временски  интервали, апликацијата ги прашувала луѓето- вклучени во правењето на студијата- дали се сеќаваат што пред тоа прочитале.

Истражувањето покажало дека 42 отсто признале дека не се сеќаваат на прочитаното, но и дека не обрнале внимание на тоа што го работат. Други 16 отсто од учесниците во експериментот рекле дека целосно се исклучиле во текот на користењето на социјалната мрежа.

Само апликацијата која ги прашувала дали  се сеќаваат на тоа што прочитале, всушност, ги  има натерано да се фокусираат на тоа што го правеле.

Главен извор за информирање

Според научниците, социјалните мрежи се така дизајнирани и замислени да ги тераат корисниците да продолжат со прегледувањето на содржината. Затоа, луѓето имаат намален осет за вклученост , што ги прави ранливи и ги тера да го губат чувството за време.

Научната екипа вклучена во експериментот смета дека социјалните мрежи би требало да осмислат и крај на некоја од содржините. Се смета дека на тој начин корисниците на овие мрежи би можеле одобро да управуваат со времето и со своето внимание.

Од друга страна, токму социјалните мрежи стануваат главниот извор за информирање, повеќе од телевизијата ( до сега доминантна) и од весниците.

Целосна доверба во прочитаното

Над половина од луѓето кои за настаните дознаваат само преку разните  вакви мрежи – никогаш не го поверуваат изворот на  информациите, што таму ја слушнале, или ја прочитале, но затоа (најчесто) веруваат во тоа, сметајќи го за вистина на која треба да и се верува.

Ситуацијата е различна од земја до земја , како што е различен и профилот на корисниците кои се надгледувале и користеле во истражувањето, но проценка на научниците е дека луѓето на социјалните мрежи се „закачени“  меѓу 100 и повеќе  минути дневно. Тоа е три пати повеќе од времето што им се посветува на весниците.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе