Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Претставени Американците кои ќе летаат до Месечината

Претставени Американците кои ќе летаат до Месечината

Американската вселенска агенција НАСА ги претстави четворицата астронаути кои до крајот на идната година ќе летаат кон Месечината. Во одбраната вселенска посада, за оваа мисија, за прв има една жена и еден афро-американец.

Тројцата Американци и еден Канаѓанец ќе бидат првите кои ќе летаат до новата капсула на НАСА- „Орион“ , што же биде лансирана од вселенскиот цнтар „Кенеди“ пред крајот на 2024 година. Станува збор за првата мисија за испраќање луѓе кон Месечината после 1972 година.

Прв пат жена и афро-американец

Сепак, оваа астронаутска четворка нема да слета на најблиското вселенско тело до Земјата,а нема да навлезат ниту во орбитата на Месечината. Оваа мисја е насочена да се донесе капсулата до Месечината и да се врати назад на Земјата, како вовед за планираниот лет и слетување на површината на Месечината, со двајца астронаути, во следната 2025 година.

За командант на оваа мисија е определен Рид Вајзман, а со него како посада ќе бидат и Виктор Гловер, потоа морнаричкиот пилот Кристина Кох, која го држи светскиот рекорд за најдолгиот лет на жена во вселената, како и Канаѓанецот Џереми Хансен.

Ова е прва посада која се упатува кон Месечината во која има жена-астронаут и еден странец, но и прва посада во рамките на новата програма на НАСА, наречена „Артемис“. Пред крајот на минатата година, една празна , без луѓе, капсула „Орион“ леташе до Месечината и се врати на Земјата,  во една пробна мисија што траеше 25 денови,  која пододлго време се планираше и се очекуваше да биде изведена.

„Артемис“ наместо „Аполо“

Во време на претходната мисија на НАСА, позната како „Аполо“ беа испратени 24 астронаути на Месечината.

Вкупно 12 од нив слетаа и се движеа по месечевата површина. Сите беа пробни воени пилоти, освен Харисон Смит, кој беше геолог . Со кого беше затворена програмата, со летот „Аполо 17“.

Сегашната десетдневната мисија „Артемис 2“ се предвидува да изврши цела серија тестови врз моќната ракета „Спејс ланч систем“, како и на системот за одржување во функција на вселенскиот брод-капсула „Орион“.

Доколку мисијата целосно успее , НАСА во 2025 година ќе испрати двајца астронаути за да слетаат на Месечината.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе