Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Српски пасоши за руските бегалци

Српски пасоши за руските бегалци

Европската комисија во Брисел изрази загриженост од одлуката на Република Србија да им издава српски пасоши, по забрзана постапка, на руските граѓани, а посебно на оние кои како бегалци се наоѓаат на српска територија.

Официјален Белград, притоа,  е предупреден дека доколку се продолжи со оваа (нова) практика- ризикува да се најде под санкции, односно да го загуби сегашниот статус за користењето на визната либерализација за државјаните на Србија при влезот на територијата на ЕУ.

Подарено државјанство

Германскиот неделник „Фокус“ пишува дека српските власти „буквално им подаруваат државјанство на (побегнатите) Руси“, а пред се на оние кои во Србија „ не се политички активни“ – што ќе рече- не дејствуваат против режимот на Владимир Путин.

Со одлуката да им се олесни на бегалците , побрзо од досега да станат српски државјани и да добијт српски пасош, Србија, практично, им овозможува на Русите да се ослободат од санкциите и ограничувањата за патување и престој во Европа и на Западот, да може слободно да влегуваат на Шенген просторот- без визи и без контрола, пишува германскиот весник.

„Фокус“ открива дека Европската комисија ја има повикано владата во Белград да ја преразгледа одлуката за делење државјанство за Русите, но и својата визна политика  кон Русија, барајќи од српската страна да престане да издава српски пасоши по забразна постапка.

Враќање на визите за Србија ?

Останува нејасно што , навистина, може да направи Брисел и какви мерки може да преземе Европската комисија, доколку во Белград продолажат со новата практика , не почитувајќи ги барањата и препораките на Комисијата.

Односно, дали навистина српските државјани би можеле да останат без правото на слободно, безвизно патување во земјите од Шенген зоната. Уште  повеќе што во Брисел се загрижени и поради се поголемиот број мигранти кои преку територијата на Србија влегуваат во ЕУ.

Во Србија има околу 200 илјади Руси за кои европските медиуми пишуваат дека се добредојдени  се додека не зборуваат и делуваат против војната во Украина и Путин и неговата власт. За нив српските власти имаат посебен третман, па ги третираат како противници и во Србија, иако со ништо немаат повредено ниту еден српски закон, а уште помалку делуваат против безбедноста на земјата во која престојуваат.

„Добри“ и „лоши“ Руси

Европските медиуми, затоа, велат дека меѓу бегалците има- „добри Руси“ кои не се занимаваат со домашната, руска политика и со Украина- кои отвораат бизниси во Белград и Нови Сад ( има над седум илјади фирми на Руси), купуваат станови и друг недвижен имот, но дека има и „лоши Руси“.

Тоа се оние руски граѓани-бегалци кои се политички активни и во бегалство, кои се противници на војната и на рускиот режим, иако и тие трошат пари- купуваат станови и одтвораат фирми. Од домаќините, а пред се, од српската тајна служба (БИА), се означени како „опасни за безбедноста на Србија“, па затоа се следи нивната актвност- најчесто повремено,  организирајќи протести против власта во Русија, како и протв војната- не ретко заедно со избеганите Украинци.

Овие Руси во Белград, меѓу кои некои  се таму уште од пред инвазијата врз Украина, се жалат дека токму  на барање на БИА на руските анти-воени и анти-Путин активисти им се одземаат дозволите за престој, им се заканува дека ѓе бидат протерани од Србија и се „цинкарат“ кај руските тајни служби.

Закани за анти-путиновите активисти

Тие тврдат дека не е против српската власт  осудувањето на режимот на Путин и барањето мир во Украина. Но, така не мисли силната русофилска струја  во БИА, која руските бегалци  ја обвинуваат дека ги прогонува и дека во тоа тесно соработува со Москва

Во ваква ситуација, најзагрозени се оние кои имаат  дозвола за престој ( околу 30 илјади), а се политички активни, мислејќи дека надвор од Русија, во Белград, може слободно да дејствуваат борејќи за демократизација и за европеизација на нивната земја.

Овие може лесно да останат без дозволите за престој и да бидат протерани, или  дури да бидат вратени во Русија, каде сигурно е дека сите ги чекаат затворски казни за -„дејствување против руската“ држава и против руската војска.

Инаетење на Белград со ЕУ

Домашни аналитичари потсетуваат дека Србија (пак) тера инает со ЕУ и дека сите надворешно-политички потези на Белград се во таа насока. Сега врзувајќи го инаетот со најновата косовска ситуација, со која власта ја храни националистичката  домашна јавност.

Но,  во услови на сегашната  длабока политичка криза во Србија и четиримесечните протесни прошетки низ белградските улици, кои се претворија во српска „шарена револиција“ –  се користи и русофилството и спротивставувањето на ЕУ. На тој начин,  се одлага  нормализацијата со Косово, а преку тоа се купува подршката на антиевропските и националистичките делови на српското општество.

Неделникот „Фокус“  потсетува дека српската страна знае да „истрча“ со некоја одлука која не е во европскиот дух. Така беше со безвизниот режим на Србија со  земји  за кои во ЕУ се бара задолжителна виза- па после прекорот од  ЕУ, брзо  ја смени првичната одлука.

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе