Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Трамп примал пари од Кинези и Саудијци

Трамп примал пари од Кинези и Саудијци

Доналд Трамп како претседател на САД има примано пари од странци, преку својата компанија- пред се од Кинезите и од Саудијците- иако американскиот Устав тоа го забранува- открива извештај на демократите во Конгресот , заглавен како – „Белата куќа се продава“.

Во извештајот на 160 страници се вели дека во текот на својот четиригодишен мандат Трамп има примено пари од 20 различни странски тела, во износ од осум милиони долари. Спорно е тоа што Уставот на САД забранува примање на било какви пари, донации или уплати, затоа што тоа би можело да се толкуваат како купување влијание  во Белата куќа.

Извештај од  2016 година

Иронично е дека републиканците во Конгресот, токму тоа му го припишуваат како зло на сегашниот претседател Џо Бајден во сомничењата до неговиот син , за кого се тврди дека се збогатил користејќи ја позицијата на таткото, како потпретседател на САД во администрацијата на Барак Обама.

Меѓутоа, истрагата за Трамп, по која е направен извештајот на демократите, е изготвен  уште во 2016 година, на самиот почеток од неговиот мандат, кога Бајден не ни навестуваше дека ќе се кандидира за претседател.

Во секој случај, извештајот покажува дека најмногу пари Трамп има примено од Кинезите и тоа од амбасадата на Кина во Вашингтон , како и од кинески компании што се сосема блиски до моќната кинеска Комунистичка партија- вкупно 5,5 милиони долари.

Кинезите со овие пари ги покривале трошоците за престој и за користење на недвижниот имот на Трамп, а пред се неговите хотели во американскиот главен град, во Њујорк и во Лас Вегас.

„Многу ги сакам Саудијците“

Како втор поголем донатор на тогаш избраниот нов претседател, е посочена Саудиска Арабија, која на сметките на компанијата на Трамп му префрлила еден милион долари. Во извештајот до Конгресот уште се посочува и една тогашна изјава на Трамп во која има речено дека – многу ги сака Саудијците.

„Прекрасно се согласувам со Саудијците. Па тие ќе дојдат и ги купуваат моите станови , трошејќи 50 или 60 милиони долари за недвижен имот и јас сега треба да се згозувам од нивниот режим“- има речено пранешниот американски претседател кој има амбиции одново да се врати во Белата куќа.

На извештајот прв има реагирано помладиот син на Трамп- Ерик кој во изјава за весникот „Њујорк Тајмс“ настојува да го брани својот татко. Според него, износот пари се однесува на изнајмувањето недвижнини во комплексот „Трамп Тауер“ .

Висок претставник на републиканците кои сега имаат мнозинство во Конгресот и  настојуваат да истуркаат дури и постапка за отповикување (импичмент) за Бајден, повеќе како одмазда за судењето на Трамп во Конгресот, за извештајот на демократите има речено дека е – „политичка игра„.

Повреда на Уставот на САД

Според него, не е никаква тајна дека Трамп како бизнисмен има разгранат бизнис , па не било ништо  необично (и нелегално) да се појават и вакви пари, за разлика од случајот на синот ( и таткото) Бајден. Републиканците тврдат дека семејството Бајден нема таков бизнис, па профитот и богатството на синот бил резултат од привилегиите што овој ги користел од позицијата на таткото.

Факт е меѓутоа дека е погазен Уставот на САД. Освен тоа,  во ограничената и речиси минимална меѓународна активност на Трамп како претседател , се издвојуваат неговите контакти со аворитарните и диктаторски режими.

Дури две средби со диктаторот од Северна Кореја, но и комуникација зад грбот на Тајван со власта во Пекинг, како и зближување со Саудиска Арабија. Пред се,  со нејзиниот контроверзен принц-престолонаследник, кој практично управува со кралството.

Во една прилика  Доналд Трамп се сретна со принцот во Ријад, игнорирајќи го бојкот на меѓународната заедница,  која го сомничеше за убиството на колумнистот на „Вашигтон Пост“ и саудиски дисидент Аднан Кашоги кој имаше и американски пасош.

(В.А.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе