Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Инфлуенсерка за родителство ги тероризирала своите деца

Инфлуенсерка за родителство ги тероризирала своите деца

Американската инфлуенсерка Руби Френки (42), мајка на шест деца, од ултраконзевативната сојузна држава Јута, е осудена на казна затвор од најмалку четири години, затоа што ги злоставувала и тероризирала своите деца.

Нејзиниот случај побуди големо внимание во САД, но и низ светот, затоа што таа станала мошне популарна инфлуенсерка на Јутјуб, давајќи им совети на  бројните  следбеници – родители на интернет,  како да ги воспитуваат и да ги одгледуваат своите деца.

Во текот на судењето таа признала дека ги измачувала своите деца и ги изгладнувала. По изрекувањето на казната таа  се извинувала за своите  монструозни постапки.

Живот како во логор

Судот ја осуди на казна од една до 15 години, но во нејзиниот случај помножена со четири, што значи дека таа ќе остане во затвор- најмалку четири, а најмногу 60 години. Колку навистина оваа сурова мајка ќе остане во затвор ќе определи одборот за условна казна, што ќе го следи издржувањето на казната на осудената.

Обвинителот има откриено дека две  од нејзините деца на Руби Франк живееле во услови на некогашните нацистички, концентрациони логори- инсистирајќи таа да биде строго казнета затоа што претставува сериозна закана за општеството.

„На децата редовно не им било давана храна, биле изгладнувани, оставени и без вода, како и без нормални кревети за спиење , а целосно без можност за игра и забава која им е неопхпдна на малолетни деца.

„Дезориентирана и наведувана“

На судењето се правдала дека била „дезориентирана“, како и дека била наведувана да верува дека светот е лошо место – исполнета со многу полиција кои ги повредуваат луѓето, потоа преполно  со болници кои им наштетуваат на луѓето , но и со разни владини агенции кои ( наводно) им ги перат мозците на луѓето, со верски лидери кои постојано лажат, но и со мажи- сопружници кои одбиваат да им пружат заштита ( на децата).

Ништо оваа мајка  нема објаснето во својата одбрана- зашто  морала да им се одмаздува на своите, сопствени деца и зашто тие биле виновни што светот бил таков како што Руби Френки го објаснува.

Таа и нејзината партнерка во инфлуенсерскиот бизнис биле уапсени во август 2023 година, откако нејзиниот 12 годишен син, сериозно неухранет, успеал да побегне низ прозорецот, сокривајќи се кај најблиските соседи- барајќи од нив храна и вода. Полицијата има соопштено дека детето на рацете и нозете имало рани, од врзувањето со јаже на кое било изложено.

Сцени од мормонско семејство

Оваа жена-мајка која некои весници ја имаат означено како „монструм“ со пресудата ја завршува својата дога кариера на Јутјуб , крајно контроверзна, на која имала над два милиони следбеници,на нејзиниот канал   „Осум патници“ што  го има формирано во 2015 година од што остварувала добар приход.

Користејќи ја популарноста на влоговите за родителството и за ридителски совети, снимајќи видеа за живот во „среќни семејства“ што зависниците на интернет го примале како готова вистина.

Снимани се лажни  сцени од живот во типично семејство на Мормони- заедница која е лоцирана во оваа сојузна држава во САД, каде децата се воспитуваат дома, а семејството е постојано заедно. Поминала и забелешката на едно од децата за тоа  дека седум месеци морал да спие на вреќи полни со грав.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе