Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Уредник на францускиот „Л Експрес“ бил шпион на КГБ

Уредник на францускиот „Л Експрес“ бил шпион на КГБ

Угледниот француски неделник „Л Експрес“ го потврди откритието дека поранешниот, долгогодишен главен уредник на весникот Филип Грумбах, цели 35 години бил шпион на советската тајна служба КГБ.

Работел како советски шпион во годините кога- поради позицијата која ја имал во списанието, како и поради неговиот висок углед во новинарството и во француската јавност- имал лесебн пристап како до врвовите на француската политичка сцена, така и до кремот на тогашното општество во Франција, во времето на поделена Европа.

Архивите на Митрохин

Во тие години, Грумбах бил сметан за „легендарна личност во новинарството“. Кога починал во 2003 година, тогашнииот француски министер за култура има речено дека станува збор за еден од најреспектабилните личности во француското новинарство.

Но, тој во исто време, бил и „Брок“ -човекот кој под ова кодирано име, што му го има  дадено КГБ, верно им служел на советската тајна служба и на советските интереси.

За неговиот двоен живот- како  истакната личност во француското општество и како шпион за комунистичкиот СССР, се разбрало од неговото тајно досие, во архивите на КГБ, што ги обелодени Василиј Митрохин, советски мајор во тајната служба, кој побегна на Западот , префрлајќи со себе илјадници документи , кога им се предаде на британските безбедносни органи.

Од овие хартии, познати како „Митрохин архивите“ , многу западни личности беа откриени и демаскирани дека тајно соработувале за советските тајни служби- за пари, но и за убедување- како најобични шпиони.

Двојниот живот на „Брок“

Филип Грумбах е роден во 1924 година, во Париз во семејство на германски Евреи. По капитулацијата на Франција во 1940 година и создавањето на квислиншката, колаборационистичка влада на  Франција , во Виши, под водството на маршалот Петен, младиот Грумбах им се приклучува на американската војска во северна Африка.

Кога во 1954 година , Жан Жак Серван Шрајвер ( голем еврофил и поборник за обединување на Европа) го формирал неделникот „Л Експерс“ во реадакцијата го повикал и Грумбах.

Тоа ангажирање и напредувањето во новинарството и во редакцијата, му овозможува да  се движи во врвовите на политиката и на јавниот живот во Франција, во седумдесетите години на 20 век- да се позава со претседателот Валери Жискар Дестен и со премиерот Мендес Франс, но да е близок и со актерски ѕвезди, како Ален Делон и Изабела Аџани, но и со соосновачот на модната фирма „Ив Сент Лоран“.

Како шпион , пак, добро котирал кај советските работодавачи, кои според досието  на КГБ , бил оквалификуван како- човек полн со дух, мошне паметен и над се-многу работлив.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе