Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Придњестровје следната руска жртва?

Придњестровје следната руска жртва?

Воени и безбедносни експерти од Европа и САД проценуваат дека Владимир Путин би можел да ја прошири својата војна против Украина , со отворање нов фронт- напаѓајки нова странска земја, врз истите измислени теории и приказни- за наводна загрозеност на Русија. Онака како што ја почна и инвазијата врз украинската територија.

Сето ова доаѓа во време кога  се навршија две годни од   инвазијата, а целта на една нова воена интервенција се смета дека би била – само за да се предизвика Западот- пред се САД, ЕУ и Британија- и над се да се види дали и како тие би реагирале.

„Предворјето“ на Русија

Земјата одново би била во соседство- Молдавија . Уште една поранешна советска република, која 32 години е независна држава ,  која  за Путин е една од државите кои  тој ги смета за „предворјето“ на некаква „голема Русија“ – заедно со веќе покорената Белорусија и со расцепените  Украина и Грузија. Затоа  смета дека сите тие треба да бидат под негова контрола.

Ударот, меѓутоа,  барем на почетокот,  ( како и со украинскиот Крим и Донбас) би бил изведен врз енклавата Придњестровје, територија сместена по текот на реката Дњестар, меѓу Молдавија и Украина, врз која владата во Кишењев нема контрола уште  од 1992 година, а Русите ја сметаат за нивна земја.

Во таа година, како и во грузиска Абхазија,  проруските елементи во оваа молдавска територија, едностано,  се отцепија, прогалсувајќи се „независна“ земја. Објаснувањето беше дека тие се сметаат за Руси и не сакаат да живеат во Молдавија, туку во Русија, или да бидат со неа.

Закани кон Молдавија

На тоа од Москва реагираа со испраќање „мировни сили“- руска војска, која сега има над илјада војници, без притоа да побараат и да добијат согласноист од молдавските власти, ниту меѓународен мандат од ОН.

Според експерти на кои се повикува британскиот весник „Дејли Меил“- одлуката за припојување на Придњестровје, или Транснистрија- би можело да се случи набргу, веќе на 29 февруари, кога Путин има најавено дека ќе зборува пред рускиот Парламент во Москва.

Проценка е дека Кремљ и неговите „силники“ ќе зборуваат дека во енклавата мнозинството се Руси, или зборуваат руски, дека власта и населението не сакаат да останат со државата на која и приопаѓаат, а таму веќе има руска војска.

Освен тоа , Сергеј Лавров – рускиот воен дипломат- на министерската конференција на ОБСЕ во Скопје, отворено и се закани на Молдавија , доколку таа истрае на својата европска ориентација.

Создавање нова конфликтна зона

Политичари од регионот кои не сакаат Транснистрија да ја доживее судбината на Донбас, имаат изјавено дека заговорот- Москва да ја грабне оваа територија-  би почнал со опробаниот рецепт- со  (наводен) повик на „здравите сили“ со барање „братска помош“ од Русија, на што би уследила руска воена интервенција.

Се смета дека таа би му помогнала на Путин да може потоа лесно да ја запоседне цела Молдавија, или да создаде нова конфликтна зона, на самата граница со земја на НАТО (Романија) и конечно,  би му се олесниле  нападите врз Одеса.

Молдавската претседателка Маја Санду, силно проевропски определена, предупредува дека на неколку пати досега Москва има подготвувано пуч во Молдавија, за доведување на власт на проруски сили кои ги има во земјата. Во Кишењев, затоа,  се смета дека се е можно со човек каков што е Путин, за кого се вели дека се „ раководи со хитлеровата филозофија од триесетите години на 20 век“.

Според официјалните податоци- во Транснистрија (Придњстровје) 3о отсто од населението се Руси, 29 отсто се имаат изјаснето дека се Молдавци ( Романци), а други 23 отсто се Украинци.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе