Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Принцезата Кејт сепак има рак

Принцезата Кејт сепак има рак

Британската принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, ги прекина сите  нагаѓања и бројни шпекулации во медиумите, околу нејзиното долго непојавување во јавниоста- призанвајќи дека, сепак,  боледува од рак.

Во емотивна видео порака, емитувана во петокот предвечер, популарната принцеза Кејт открива дека од  средината на февруари се лекува со хемотерапија, откако по операцијата врз абдоменот во јануари и пост-оперативното опоравување , деталните анализи откриле дека таа има канцер во рана фаза.

Видео порака од Виндзор

Ниту сега не се открива зашто таа мораше  да се оперира, веднаш по Нова година. Не се открива  ниту тоа каде е откриен канцерот, освен што признава дека било „болно и шокирачко„ за неа и за семејството откритието на лекарите дека боледува од рак.

Но, дека сега е насочена на лекувањето, на терапијата на која е изложена  и на тоа- како што има речено во изјавата- да ги увери своите три деца дека нивната мајка, сепак, ќе се опорави.

Двоминутната порака била снимена во средата на 20 март, во градината во дворецот во Виндзор, во околината на Лондон.

Претходно палатата Кенсингтон, службената резиденција на престолонаследникот Вилијам и неговата сопруга Кетрин, го известила Би-Би-Си дека имаат информација поврзана со  принцезата Кејт. Оваа медиумска куќа соопштува дека таа нема учествувано во правењето на изјавата, освен што ја извеле продукцијата.

Прекинување со шпекулациите

Подршка и желби за успешно опоравување има упатено британскиот крал Чарлс кој и самиотсе лекува од рак, изразувајќи „восхитенст со храброста“ на неговата снаа, Но, и принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл во порака која  од САД беше упатена уште во петокот, вечерта, набрзо откако беше обелоденета веста за здравствената состојба на Кејт Мидлтон.

Признанието на принцезата доаѓа после шпекулациите во медиумите и на интернет за тоа што се случува со неа, што на два пати- со невешто дадени фотографии дека таа е во ред и се опоравува по хирушката интервенција- доживеаја фијаско. И двата обиди само постигнаа обратен ефект од оној што кралските  советници сакаа да се постигне.

Сега, меѓутоа,  е одлучено, да се прекине со сокривањето на вистината за здравјето на 42 годипната принцеза, која овој пат  замолува да се престане со нагаѓањата за неа и порачува дека нема повеќе да се огласува за состојбата со здравјето.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе