Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Се помалку мигранти од ЕУ во Британија

Tupungato/BigStock.com

Се помалку мигранти од ЕУ во Британија

Во Велика Британија има 87 илјади помалку државјани од земјите членки на ЕУ, кои работат и живеат во британските градови, во споредба со ситуацијата од пред една година- соопшти во Лондон британското Биро за статистика.

Тоа е најголемиот пад на работна сила од Унијата, откако се води таква евиденција, од пред 21 година. Но вкупниот број на т.н. чиста имиграција, а тоа е разликата меѓу дојдените и оние кои си заминале, изнесува 270 илјади. Британската влада од порано настојува таа бројка да изнесува максимално 100 илјади луге, што меѓутоа,  досега се покажа како неостварлива желба.

Бројот на државјаните од ЕУ кои настојуваат во Британија да најдат подобар и побогат живот постојано се намалува откако Британците пред две години, на референдум се определија за напуштање на Унијата, најмногу поради тоа, што Брисел и другите во ЕУ, не сакаа да ги прифатат британските барања за ограничување во слободното движење на лугето и посебно на работната сила, што е инаку основата на европското интегрирање.

Главнината на британското незадоволство беше и се уште е упатено кон  европејците од Источна Европа, од некогашните комунистички држави, од советскиот воено- политички и идеолошки блок, сега членки на ЕУ. Евроскептичните медиуми развија силна анти-ЕУ пропаганда, тврдејќи дека тие луге им ги одземаат работните места, како и дека ги исцрпуваат социјалните фондови на државата, пред се, во здравството, образованието и домувањето.  Најострите критики одеа дотаму што државјаните на ЕУ, се обвинуваа за злоупотреба на основните принципи на ЕУ, затоа што доаѓааат во Британија не за да работат, туку само за да ги користат нејзините богати социјални привилегии.

Во исто време, расте бројот на мигрантите од земјите кои не се во Унијата. Во овој период нивниот број е зголемен за 74 илјади , па сега  тие се над 1,2 милиони.

Според статистичките податоци, во новата бројка на намалена работна сила од ЕУ, се наоѓаат  идржавјани  од западните држави- членки кои исто така полека заминуваат од Британија. Во еден момент имаше околу 450 илјади Французи кои работеа во финанскиот сектор и во лондонски Сити, пред се, најмногу затоа што платите и примањата во Британија, во овој сектор се многу повисоки, но таа бројка  се намалува. Французите , освен тоа, веруваат дека по Брегзит, сегашниот финански центар на ЕУ, лоциран во Сити, во источниот дел од Лондон, ќе се пресели на континентот и дека Париз  е силен кандидат за да биде новата локација.

Неколку години по ред се намалува и бројот на полските државјани кои во еден момент, по влегувањето на Полска во ЕУ, од 1 мај 2004 година, достигна до еден милион луге. Тие сега се враќаат назад, затоа што економската ситуација во нивната земја е далеку подобра отколку пред 14 години, а  условите за живот во Полска  се многу подобрени, но и затоа што по референдумот за ЕУ,  беа извршени повеќе напади врз мигрантите, од страна на разни милитантни, ултра десничарски групи, посебно  во Англија. Сите беа извршени врз етничка и расна омраза , при што Полјаците  честопати беа главната мета.

Сите дојденци од ЕУ, меѓутоа, размислуваат да се преселат во некоја друга земја, или да се вратат во својата, матична, загрижени за својата иднина, затоа што на седум месеци пред повлекувањето на Британија од Унијата, се уште не е сосема јасно каков статус ке имаат државјаните на ЕУ. Нив ги има помалку од три милиони, но се тврдеше дека Британија на сите кои имаат регуларен статус ке им дозволи да продолжат да живеат и да работат, како и додека Британците беа дел од Унијата. Владата во Лондон само бараше за возврат таквото право да се обзбеди и за 1,5 милиони Британци кои се население во ЕУ, најмногу во Франција и во Шпанија.

Неизвесноста се јави откако се погласно и се почесто се зборува дека Лондон и Брисел ке се „разведат„ без да постигнат договор, а во таа нервозна атмосфера на меѓусебни обвинувања, кој ќе биде виновен за еден таков расплет, никој  не зборува за статусот на Европејците. Не е јасно дали тие ќе останат по автоматизам британски жители, или пак ќе мораат однова да се регистрираат и да аплицираат за да се населат на британската територија, како што тоа го прават и сите други мигранти.

(И.Т.)

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе