Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Белгија: Градоначалникот ги избрка десничарите

Белгија: Градоначалникот ги избрка десничарите

Градоначалник на општината Сен Жост, во околината на Брисел, ги набрка собраните десничарски, крајно-десничарски и националистички политичари, собрани на конференција, откако со помош на полицијата го прекинал собирот.

„Нема место во нашата средина за ултра-десницата“- има речено првиот човек на општината.

Притоа тој се има повикано на белгиските закони, според кои општинската власт има право да реагира, ако оцени дека се загрозува  слободата на говорот, како што тоа го има оценето овој градоначалник. Познавајќи ја грубата и насилничка реторика на крајната десница, која затоа многу често е причина за судирања со неистомислениците.

Фараж и Орбан сојузници

Влегувањето на полицајците во  салата, каде се собрале околу 200 десничари , се случило во време кога зборувал Најџел Фараж, британски екстремен политичар кој го покрена Брегзит и од британски евроскептик стана англиски националист кој, меѓутоа,  никогаш не беше избран за пратеник во Парламентот на Британија.

Тој прв и ја има раширено веста за инцидентот, преку лондонските проториевски таблоиди и тамошната десничарска телевизија ГБ Њуз, користејќи го случајот за пресметка  со ЕУ, без разлика што Унијата со овој собир и со случувањата, нема никаква врска.

Во, британската делегација , составена од припадници на Конзервативната партија,  покрај Фараж, кого сега  низ Европа го канат да држи антиеврипски  предавања и да подржува национализам, била и  контроверзната, поранешна министерка за внатрешни работи Суела Брејверман.

Таа беше приморена да се повлече од владата поради „Законот Руанда“ , што таа го застапуваше и се уште го брани, според кој  мигрантите влезени на британска територија ќе се префрлаат во Источна Африка, во Руанда, додека се разгледуваат нивните барања за азил во Британија.

„Долевање бензин на огнот“

Законот е спротивен на низа конвенции за човекови права и за мигранти кои Британија ги има одамна прифатено, но оваа Британка по порекло од Коморските Острови, на десничарската конференција се пресметувала со Европскиот суд за чвекови права кој го има блокирано крајно контроверзниот битански  закон.

Настапат на Брејверман и на   уште една пратеничка од ториевските редови предизвика реакција на лабуристичката опозиција во Лондон, која бараше интервенција од британскиот премиер. Опозицијата  смета дека нема место- на такви конференции во Европа-  на пратеници во Вестминстер кои се отидени  само- „за да долеваат бензин на огнот што го палат опасни индивидуалци“.

Како опасни индивидуалци треба да се претпостави, се сметаат, иако не се споменуваат имиња, другите учесници на конференцијата, меѓу кои беа Виктор Орбан, лидерите на ултрадесничарската Алтернатива за Германија, како и лидерот на француската крајна десница Ерик Земур.

Подршка на храбриот градоначалник

Сите тие ја осудуваа одлуката на „белгиските власти“ , а најгласен остана унгарскиот ултрадесничар. Тој себе си се повеќе се  промовира во лидер на некаква „црна алијанса“ во Европа, настојувајќи да ја разнебити ЕУ и нејзината демократска и либерална основа.

Унгарецот, како и Фараж, ја искористи ситуацијата за да ги напаѓа европската демократија и слободите , како дел од неговите пропагандни настапи пред евроизборите во првата недела од јуни.

На друга страна, разните проевропски, демократски и либерални групи и организација ја бранеа одлуката на градоначалникот на Сен Жост. Белгиската Лига за човекови права се огласи со соопштение во кое се осудува собирањето и настапот на крајните десничарски партии.

„Слободата на говорот (на која се повикуваат учесниците на собирот) е право за сите, доколку  е во рамките на законите. Тоа значи дека  слободата на говорот, не треба да се сфати како отворање на вратата за ултрашите и за нивната опасна идеологија“- велат од Лигата за човекови права.

Одлуката ,сепак ,поништена

Одлуката на храбриот градоначалник да ги набрка ултрадесничарите , сепак, на крајот беше поништена. Така одлучи локалниоѕ белгиски Управен суд, по жалбата на организаторите на конференцијата.

Се огласи и белгискиот премиер Александер де Кро кој на Икс ( доскоро Твитер) има напишано дека одлуката за прекинување на конференцијата, во крајна смисла, била погрешна.

„Точно е дека основата на белгиската демократија е во правата и овластувањата на општините, но Уставот ги гарантира правата за слобода на изразување и мислење и во случајов тоа право го имаат и двете страни“- има речено белгискиот премиер.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе