Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Попов: Србија против здравиот разум од “Преспа”

krasnevsky/BigStock.com

Попов: Србија против здравиот разум од “Преспа”

Директорот на Центарот за регионализам од Нови Сад, Александар Попов изјавил дека Србија дејствува „спротивно на здравиот разум„ кога е во прашање референдумот во Македонија.

„Во српски интерес е да постои стабилност во регионот на Балканот, а постигнатиот договор од Преспа, меѓу Грција и Македонија, секако, е значаен чекор во таа насока, но однесувањето на Србија е спротивно на здравиот разум„- рекол Попов за српските медиуми.

Според неговото мислење, официјален Белград би требало да биде задоволен поради нормализацијата на односите  во регионот на кој  му припаѓа, но наместо тоа,  Србија праќа „лоши пораки кон Македонија„.

Попов смета дека првата таква порака била  уште кога Зоран Заев стана премиер, и тоа само затоа што владеачката партија во Србија – Српска напредна странка (СНС)- имаше мошне блиски врски со претходната македонска влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е сега дека актуелната влада во Македонија, не е многу блиска со СНС, а ниту тамошната владеачка партија е налик на Српската напредна странка.

Втората порака е во врска со македонско-грчкиот договор, кога наспроти сите други држави во регионот (како и меѓународната заедница, без Русија)  само Србија не го поздрави постигнатиот договор и неговото потпишување во средината на јуни, од премиерите Заев и Алексис Ципрас, посочува директорот Попов.

Тој уште споменува, дека во меѓувреме, мораше под итно,  од амбасадата на Република Србија во Скопје да се повлекува еден функционер на мисијата, без да се даде било какво објаснување, зашто тој мораше да се врати во Белград, а како (трета) лоша порака, го споменува именувањето на поранешниот директор на српското разузнавање, Раде Булатовиќ за амбасадор на Србија во Македонија.

„Мислам дека ова е  порака во сосема погрешна насока„- рекол Попов.

Првиот човек на новосадскиот Центар за регионализам проценува дека ако референдумот од 30 септември успее, македонскиот премиер Зоран Заев ќе стане „ модел-државник во регионот„ кој може да го засени српскиот претседател Александар Вучиќ, дури и ако овој успее да постигне договор со косовскиот претседател Хашим Тачи. Директорот Александар Попов уште смета дека Вучиќ повеќе не претставува „фаворит на ЕУ меѓу политичарите во регионот„.

(Н.С.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Западен Балкан

Горе