Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Мицотакис во Белград

vverve/Bigstock.com

Мицотакис во Белград

Лидерот на грчката партија Нова Демократија и лидер на опозицијата во Грција , Киријакос Мицотакис, престојуваше во работна посета на Белград. Во главниот град на Србија Мицотакис беше гостин на српската владеачка партија Српска напредна странка (СНС) на претседателот Александар Вучиќ, со кого имал подолг разговор. Нема детали за тоа  што тие двајцата разговарале, освен што Вучиќ им изјавил на новинарите дека побарал од лидерот на грчката опозиција „да се заложи каде треба, за тоа Косово да не стане членка на Интерпол“. Мицотакис, пак, зборувал дека тој и неговта партија „силно ја подржуваат Србија на патот кон Европа“, порачувајќи дека Србите треба да знаат дека во Грција, секогаш имале, имаат и ќе имаат „традиционален, стабилен и искрен пријател“. Тој се заложил за уште подобри билтерални односи меѓу двете земји и во Белград  ветил дека неговата земја нема да го промени својот став кон Косово. Престојот на Мицотакис во српскиот главен град претставува изненадување за тамошната јавност, особено што  одамна не престојувал грчкиот премиер Алексис Ципрас кој е многу поважен за давање  подршка на Белград,  за Косово и барањето на Приштина за членство во Интерпол, отколку од лидерот на главната грчка опозициска партија. Освен , доколку Вучиќ одново, како и во случајот со Македонија, пред овдешните избори пред две години, не сака да и каже на владата во Атина, за кого навиваат СНС, нејзиниот лидер и Србија. Белградските медиуми не пренесуваат што од српскиот претседател побарал Мицотакис за возврат, но се знае дека тој е остар противник на грчко-македонскиот договор, речиси има истоветни гледања за договорот како и македонските националисти , а дека Србија, заедно со Русија, се единствените во Европа, кои не го поздравија договорот од Преспа. Киријакос Мицотакис е син на поранешниот лидер  на Нова Демократија и екс премиер Константин Мицотакис. Таткото ја водеше владата на Грција во времето на осамостојувањето на Македонија, по распадот на Југославија, кога официјална Атина порачуваше дека „ нема никогаш да признае нова држава на северната граница“ и кога Слободан Милошевиќ им нудеше на Грција , заеднички, да ја поделат Македонија и така одново да бидат соседи. Поранешната министерка за надворешни работи и кусо време лидер на Нова Демократија, Дора Бакојани е сестра на сегашниот лидер на оваа грчка партија.

 

Мелани Трамп менува соработничка на Џон Болтон

Првата дама на САД, Мелани Трамп побарала да биде сменета Мира Рикардел, заменичката на советникот за национална безбедност Џон Болтон, јавуваат американските медиуми, повикувајќи се на соопштение од канцеларијата на сопругата на претседателот Доналд Трамп. „ Таа ( Рикардел) не заслужува да биде дел од тимот кој работи во Белата куќа“- се вели во официјалното соопштение со барањето за нејзиното сменување. Белата куќа засега се нема огласено со реакција, но медиумите во Вашингтон откриваат дека судирот меѓу госпоѓата Трамп и заменичката на Болтон, настанал околу тоа кој каде ќе седи во авионот, за време на патувањето на Мелани во Африка, што беше организирано во текот на минатиот месец. Лугето околу Првата дама обвинуваат дека токму Рикардел ги има раширено во јавноста „ лошите приказни“ за Мелани Трамп и за нејзините соработнички. „Дворските игри“ околу американските први дами и другиот персонал во Белата куќа, не се новина. Американците се сеќаваат на постојаните кавги што Ненси Реган, сопруга на претседателот Роналд Реган, ги имаше со персоналот околу неа и претседателот, а познати се и случувањата во Белата куќа, кога таму, како Прва дама беше Хилари Клинтон. Овој пат, медиумите веруваат дека неочекуваната кавга на Мелани со Рикардел треба да биде најава за нова „чистка“ што ќе ја направи претседателот Трамп.

 

Судење на британски неонацисти

Во Бирмингeм во Велика Британија, во тек е судење на неколкумина локални неонацисти. Обвинети се Клаудија Пататас (38) нејзиниот сопруг Адам Томас (22) како и нивниот пријател Даниел Богуновиќ, Британец со балканско потекло, од Лестер. Обвинителството има собрани докази дека тие биле членови на забранетата, британска организација „Национална акција“ која е уредена на расистичка, антисемитска и пронацистичка основа. Пред судијата биле изнесени фотографии на кои се гледа како новороденото дете на Пататас и Томас е завиткано во нацистичкото знае , со кукаст крст. Родителите го крстиле синот Адолф, во чест на нацистичкиот водач од Втората светска војна Хитлер, чија слика стои во нивната дневна соба. Сите тројцата и не ги кријат своите пронацистички убедувања. „Национална акција“ не ретко се појавува во јавноста со испади во текот на разни манифестации и протести во градовите низ Англија, посебно во средини каде има многу мешовито население и каде се населени припадници на муслиманската заедница во Британија. Бирмингем има бројна таква заедница, а за Лестер се вели дека немуслиманите наскоро ќе станат малцинство во градот. Оваа ултра-десничарска и пронацистичка група стана позната за пошироката јавност кога еден нејзин приврзеник брутално ја уби на улица британската пратеничка Џо Кокс, додека таа агитираше против Брегзит.

 

 

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе