Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Ѓукановиќ : Оние кои заговараат „Голема Србија“ се најзадоволни

dbajurin/Bigstock.com

Ѓукановиќ : Оние кои заговараат „Голема Србија“ се најзадоволни

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека напредокот на Западен Балкан и неговиот европски пат се доведени во прашање поради судирот на големите сили , токму над регионот. Во интервју за парискиот весник „Фигаро“ рекол дека тоа и не ништо ново, затоа што во текот на историјата, Балканот секогаш бил третиран како „монета за поткусурување“ , секогаш кога големите сили ги решавале меѓусебните односи.

Ѓукановиќ, меѓутоа, смета дека освен ова, станува збор и за провлекувањето на три проблеми кои останаа во регионот уште од деведестите години на 20 век- прво, тоа што Македонија остана парализирана, потоа конфликтот меѓу Србија и Косово, чиј краен исход и натаму останува неизвесен, како и нефункционалноста на БиХ.

Сепак, главното е нерешената ситуација меѓу Белград и Приштина која создава посебна нервоза во целиот регион, кога на тоа ќе се додадат затегнатите односи на Србија и Хрватска, се создава ситуација која им дава енергија и елан на сите оние сили кои и натаму заговараат „Голема Србија“- смета црногорскиот претседател.

Во тој контекст Ѓукановиќ ги става и сегашните српско-црногорски односи. „Некои од оние кои сонуваат за „Голема Србија, одново ја оспоруваат црногорската независност , тврдејќи дека Србија има природно право на Црна Гора“- рекол Ѓукановиќ, инсистирајќи дека  таквата реторика е  многу опасна, затоа што можеше да се слушне уште  во деведестите години на 20 век.

Во интервјуто, тој зборувал и за решавањето на косовскиот конфликт низ размената на територии и рекол дека тоа е нов момент во целата ситуација, но дека околу ова треба да се биде максимално внимателен, затоа што постои опасност од појавата на „домино ефект“.

– Оваа работа долго време беше табу тема, пред се, поради лошите искуства во регионот уште во деведесетите години, кога често се отвараше расправа околу поделби на територии и цртањето нови граници. Затоа, треба да се биде максимално внимателен , за да не се направи преседан, што потоа би можел да предизвика копирање на едно такво косовско решение, на разни други локации- рекол црногорскиот преседател.

Во интервјуто за парискиот весник тој уште признал дека односите на Црна Гора со Русија се мошне лоши. Мило Ѓукановиќ смета дека тие „можеби и никогаш не биле толку лоши , колку што се сега, иако историски гледано и културолошки, двете земји секогаш биле мошне блиски.

Влошувањето настана од моментот кога владата во Подгорица цврсто се определи на евро-атланскиот курс, отворајќи преговори со ЕУ и влегувајќи во НАТО, наспроти противењето на српските партии во Црна Гора и на локалните Срби кои во поголемиот број се против Северноатланската алијанса и заговараат сојузништво со Србија и партнерство со Русија. Самата Москва не се согласуваше со таквото свртување на Црна Гора, но таа , сепак, стана 29-та членка на НАТО , а преживеа и обид за пуч во земјата. Црногорските власти за тоа ги обвинија Москва и некои кругови во Белград, за кои тврдеа дека помагале за да се собори владата и за да земјата  се врати на стариот курс . Русија и Србија ги отфрлија таквите обвинувања, но двајца осомничени оперативци на руската тајна служба, преку српската територија , беа итно вратени во Москва.

Русија која сметаше на црногорскиот брег, како на своја локација на Јадранот, со влегувањето на земјата во НАТО, дефинитивно, остана без таквата  можност. Некои западни аналитичари, затоа,  сметаат дека  тие случувања во Црна Гора, како и „протерувањето„ на Русија од таа територија, ја разгневија Москва која сега е свртена кон Македонија,  настојувајќи, покрај Србија да има уште една земја како своја стретешка територија. Се верува дека токму тоа е  причината што Русија толку отворено се меша во македонските политички работи и се спротивставува на договорот од Преспа, уште додека се правеше, за да не се отвори патот на државата кон НАТО и кон ЕУ.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе